Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицијата одзеде „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Полицијата одзеде „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
ХРОНИКА

Полицијата одзеде „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“

Објавено August 4, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска ќе бидат испратени на вонреден технички преглед по што, ќе следат соодветни поднесоци.

Како што информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 1 август полицијата одзела два автомобили „БМВ“ и едно „Ауди“, додека неколку часа подоцна, односно следниот ден одземено е и возило „Ламборџини“ поради предизвикување голема бучава.

– На 1 авуст во 21 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, сопрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.Ш. (22) од Струга, со престој во Швајцарија, по што е одземено поради сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, како и автомобил „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управуван од М.Р.(26) македонски државјанин со престој во Холандија, изјави Димоски.

Истиот ден, додаде, заради бучавост сопрен е и автомобил „БМВ“ со струшки регистарски таблици, управуван од Б.А.(45) од струшкото село Радолишта, кај кого дополнително е констатирано дека возилото имало непродолжена важност на сообраќајните документи.

Неколку часа подоцна, односно во 30 минути по полноќ на 2 август поради предизвикување голема бучава запрено е и „Ламборџини“ со германски национални ознаки.

– На улицата „Партизанска“, 30 минути по полноќ на 2 август, по основ сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, запрено е возило „Ламборџини“ со германски национални ознаки, управувано од А.А.(21) од Струга, на привремена работа во Германија по што е одземено, информира Димоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија
Следна Статија Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна 14-годишно девојче

Во СВР Куманово на 04.07.2025 година во 22:45 во СВР Куманово С.Ј. (40) од Куманово пријавила дека од домот се…

July 5, 2025
ХРОНИКА

ЈОРСМ: Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“

Наредба за проширување на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со нови 19 лица донесе Основното јавно обвинителство Кочани.…

April 12, 2025
ХРОНИКА

Бизнисменот и почесен конзул кој го пренесе Груби на Косово на распит во полиција

Почесниот конзул на Косово во Македонија и сопственик на маркетот „Нептун“, Арсим Папранику во моментов се наоѓа во полициската станица…

December 18, 2024
ХРОНИКА

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?