Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето
СВЕТ

Полска ќе бара цела ЕУ да го укине зимското и летно сметање на времето

Објавено March 6, 2025 12:38
Сподели
Сподели

Полското претседателство со Советот на ЕУ се залага за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година, изјави полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик. 

Тој најави дека Полска презема конкретни чекори за укинување на ваквата практиката во текот на сегашното нејзино претседавање со ЕУ. 

Пашик уште лани во декември изјави дека измената на Директивата за менување на времето од 2018 година ќе биде една од целите на полското претседавање со ЕУ во првите чест месеци од оваа година. 

Според него, укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовниците претставува „социјално и економско прашање“. 

Пашик, како што пренесе полскиот весник „Факт“, изјави дека за ова прашање веќе разговарал со еврокомесарот за транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас и „го убедил“ да не ја отстранува измената на Директивата од работната програма на Комисијата за 2025 година. 

Поради економските врски, од суштинско значење е да се постигне консензус на сите земји членки на ЕУ за ова прашање, додаде Пашик. 

Следната промена на времето ќе се случи во ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците во 2 часот ќе се поместат за еден час понапред. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Министерот на Трамп се појави на телевизија со крст на челото
Следна Статија Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп најавува нова класа американски боени бродови наречени по него

Претседателот Доналд Трамп го поврзува своето име со нова класа американски боени бродови со нуклеарни способности

December 24, 2025
СВЕТ

Папата Франциск во „критична“ состојба

Светата столица соопшти дека здравствената состојба на папата Франциск останува критична, откако утринава претрпел долготрајна астматична респираторна криза. „Светиот Отец…

February 22, 2025
СВЕТ

Белата куќа: На Трамп му се дијагностицирани проблеми со вените

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е прегледан за оток во долниот дел од нозете и модринки на рацете, изјави денеска…

July 17, 2025
СВЕТ

Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува широки ограничувања за влез на граѓани од 41 држава, јави Њујорк Тајмс. Според…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?