Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“
ЗДРАВЈЕ

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“

Објавено November 26, 2025 17:27
Сподели
Сподели

 

 

Помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски е хоспитализиран, тој е едно од затруените деца во „Димо Хаџи Димов“

Македонија

26.11.2025

 

 

Помалиот син на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Антониј, е еден од потешко затруените ученици од скопското основното училиште „Димо Хаџи Димов“ населбата Влае во општината Карпош, објави „НетПрес“.

 

Како што објавува порталот, тој бил хоспитализиран и два дена е во болница со симптоми на труење и зголемена телесна температура. Моментно, тој е во подобра здравствена состојба.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Надзорот следува по утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки.

Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на евентуално труење со храна. Според Националниот протокол, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и ќе бидат земени мостри од храната, работните површини, приборот и машините за лабораториско тестирање.

 

АХВ информира дека по завршувањето на контролата, јавноста ќе биде известена за утврдените активности и изречените мерки.

 

Екипа од техничар и епидемилог од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) сè уште се во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, по сомнежот за труење на ученици. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, кажа дека се земени брисеви од раце, нос и грло на вработени во училишната кујна, од работните површини, а земени се и мостри од храна и вода.

 

Јас сум во постојана комуникација со луѓето од нашиот тим во Институтот. Морам да кажам дека екипата сè уште не е вратена за да можам да добијам поконкретни информации, во очекување сме да пристигнат. Но, она што можам да го кажам е дека е веднаш постапено по сите протоколи. Земени се мостри од буквално сè што ни е во интерес, а тоа се брисеви од луѓето кои работат во кујната, од раце, грло и нос. Земени се брисеви и од работни површини, мостри од храната што ја конзумирале децата. На наше инсистирање земавме и од водата“, изјави Андоновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повеќе од 900 жени годинава се жртви на семејно насилство
Следна Статија (ВИДЕО) Манасиевски: Весна Дамева сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев да стане член на Судски Совет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за обвинувањата на Филипче: Опозицијата манипулира и клевети, граѓаните ја знаат вистината

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Делото на Гоце Делчев е пример како треба да ја градиме заедничката татковина

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оддаде почит по повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев. Денес го…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Коцевски имаше можност и шанса, за жал, не ги искористи

Не очекуваме од јавниот обвинител да каже „Да, виновен сум, не успеав во својата работа“, истакнува премиерот Христијан Мицкоски како…

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата

Со оглед на очекувањата – и повеќе од одлично, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за темпото на изградбата на автопатиштата…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?