На додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите, во 2024 година, дипломирале 7.021 студент, што претставува намалување за 5,4 % во споредба со 2023 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 5.526 односно 78,7 % биле редовни, а 1.495 односно 21,3 % вонредни студенти.
Во рок дипломирале 35 %, а по рокот 65 %.
Жени од вкупно диломираните се 59,4 %.
Од вкупно дипломираните студенти на прв циклус студии во 2024 година, 26,5 % дипломирале во областите бизнис, администрација и право.