Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
МАКЕДОНИЈА

Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија

Објавено July 30, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Ќе се бираат нови кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права. Владата ја поништи претходната предлог листа на која во потесниот круг влегоа Обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски. Разрешена е и комисијата која го спроведуваше изборот..

Одлуката предизвика реакции кај дел од поранешните кандидати, кои сметаат дека е прекршена процедурата утврдена од Советот на Европа.

„Сметам дека секој чекор кој се презема мора да биде транспарентен, образложен и, во согласност со принципите на правичност и правна сигурност. Од тие причини сметам дека треба да бидеме информирани кои услови не ги исполнуваме“, вели за Сител, судијката Габриела Гајдова.

Обвинителката Ристоска пак вели, „Погрешно е расудувањето на Владата дека со некоментирање на поединечните кандидатури се сочувува интегритетот на процесот и нашиот поединечен интегритет. Сосема спротивно, со ова се напаѓа интегритетот на сите кандидати, а се остава и сомнеж за вистинските причини и намери на Владата“.

Претходниот член на комисијата, судијата Осман Кадриу, изненаден од потегот на Владата, смета дека доколку имало забелешки, можело да се побара дополнување на предлогот, а не целосно поништување.

Со новиот предлог, наместо претходните девет, сега комисијата за избор на судија за судот во Стразбур ќе брои пет члена – претседателите на Уставниот, Врховниот, Граѓанскиот и Кривичниот суд, како и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители.

Извор: Сител

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите
Следна Статија Трагичен крај: Пронајдено телото на 16 годишното девојче во Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина

Сакам да објавам една важна вест – голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ,…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите

Нова детска градинка денеска беше пуштена во употреба во Општина Сопиште. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека…

January 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Еве каде ги трошат парите: Филипче на приватна журка во Дубаи со Заев и Харис Џиновиќ (ВИДЕО)

Видео на кое другарите Венко Филипче и Зоран Заев се журкаат на забава на која е и српскиот пејач Харис…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Денот на aлбанската азбука е историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава

Унифицирањето на албанската азбука не е само акт на јазична реформа, туку и симбол на стремежот за еманципација и просветување,…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?