Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со неколку масовни несреќи од кои последната е во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со неколку масовни несреќи од кои последната е во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Попов: Невладеење на правото и корупцијата резултираа со неколку масовни несреќи од кои последната е во Кочани

Објавено March 26, 2025 16:59
Сподели
Сподели

Редовното годишно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почна со минута молк во слава на жртвите во трагедијата во Кочани, а претседателот на МАНУ Живко Попов изрази сочувство во свое и во име на членовите на Академијата до семејствата на починатите.

-Во овие моменти на длабока тага, сепак, има и нешто светло, а тоа е навремената и компетентна реакција на здравствениот систем и државните институции, пред се МВР и Јавното обвинителство, кои покажаа дека во тешки, кризни моменти сепак имаат капацитет да реагираат соодветно. Тоа дава надеж дека оваа држава доколку продолжи да се менува на ваков начин, нејзините граѓани ги очекува многу посветла иднина, рече Попов.

Во опсежното експозе по првата година од неговиот мандат, претседателот на МАНУ укажа на сеприсутност на партизацијата во институциите и „децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот“ кои, како што рече, „доведоа до девастирана држава со нефункционални институции.

-Како резултат на тоа во последните години ни се случија неколку масовни несреќи, меѓу кои и последната голема трагедија во Кочани. Потребна е целосна поддршка на енергичните напори и заложби на институциите на државата за расчистување на истите. Верувам дека е возможно рестартирање на државниот систем и доколку успееме на институциите да им го вратиме барем нивото кое го имаа при осамостојувањето на земјата, навистина ќе постигнеме огромен успех. Со вака конципирани институции, Република Македонија многу тешко ќе се справи со предизвиците што ја чекаат при отворање на поглавјата за членство во ЕУ, рече Попов.

Посочи дека партизираноста е „посебно видлива во јавната администрација, во агенциите, во регулаторните тела, кои треба да бидат независни“, што, рече, „перманентно го ослабува квалитетот и капацитетот на дејствување на институциите и самата држава ја прави нефункционална“.

-Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем. Вистина е дека се направени повеќе квалитетни реформи во правосудството со добри решенија, но тие имаат слаба имплементација. Тоа што најмногу ја бранува јавноста е Републичкиот судски совет и Академијата за судии и обвинители, рече Попов, според кого Судскиот совет „во неговото досегашно делување не се покажа доволно силен, убедлив и компетентен да ги наметне своите одлуки“.

Попов зборуваше и за „руиниран здравствен систем“ на кој, рече, најголем удар му е зададен со укинувањето на Законот за Медицински факултет, што довело до распад на Клиничкиот центар и негово политизирање.

-Неопходно е што поскоро обединување на клиниките во еден Клинички центар и негово враќање во матичната установа, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, рече Попов.

Претседателот на МАНУ во своето годишно обраќање се осврна и на правичната застапеност и Законот за употреба на јазиците за што рече дека е „време да се направи нивно јасно и прецизно дефинирање пропратено со правни механизми со кои ќе биде оневозможена нивна злоупотреба“.

Се осврна и на демографските проблеми со кои се соочува државата при што порача дека „депопулацијата е веќе сериозен предизвик на Република Македонија“ и „доколку не се преземат сеопфатни мерки ќе биде уште поизразена во наредните децении“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп, тврди Деаноски
Следна Статија Тошковски назначи нови началници на СВР Штип и ОВР Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димова: И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист да бидам осудена

Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари, а од друга страна сум обвинета затоа што не сум се…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше…

November 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција. Тој говореше…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Илич ја доби наградата „Ќерка на Македонија“ на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?