Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор

Објавено March 25, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Казна затвор за поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски од СДСМ одреди Основниот суд во Свети Николе. Според пресудата тој е осуден на казна затвор во траење од година и шест месеци за „несовесно работење во службата“ и оштетување на буџетот на локалната власт.

Судот 4 март годинава одлучил покрај затворската казна, Василевски да плати 2.285.044 денари како оштета на општината.

Велковски, додека бил градоначалник, склучил договор за реализација на проект на 19.6.2019 година, со ДГТУ Еврорадба инжинерин ДООЕЛ, за што пак, на 27.12.2019 потпишал договор за финансиска помош за истиот проект со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој во износ од 2.285.044 денари. Услов за исплата на средствата бил проектот да се заврши до 31.12 2020 година. Но, Василевски, неколку пати, без основ, го продолжувал рокот за изведба со ДГТУ Еврорадба инжинерин ДООЕЛ, со што рокот бил продолжен до 15.5.2021 година, а буџетот на општината оштетен поради нарушување на договорот со финансиерот, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Овој градоначалник во јавноста стана познат откако се дозна дека неговата ќерка, при извлекувањето на наградите на наградна игра организирана од Општината беше најсреќна во Лозово и ја доби главната награда- шпорет! За него бепе објавено дека за пет месеци додека бил градоначалник од работа отсуствувал 188 дена од кои место дури 175 бил во Германија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета
Следна Статија Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вицепремиерот Фетаи одби да одговори на македонски јазик на поставено новинарско прашање

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата,…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дваесет години маратон не се слави, тажната приказна не ја напишавме ние, туку некој друг е авторот на тажната приказна,…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нова скандалозна одлука на Судскиот Совет: Пајазити казнет само со 30% од плата за случајот со Рамадани

Наместо разрешување или оддалечување од судската функција, само казна од 30 проценти од платата шест месеци. Контроверзна одлука на Судскиот…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанчев: Одлични услови на патеките во ски – центарот „Михајлово“ по новите снежни врнежи

Наврна 20 сантиметри свеж снег во ски-центар „Михајлово“, има одлични услови на патеките, информираше попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. –…

February 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?