Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција
ХРОНИКА

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција

Објавено December 14, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е лишен од слобода, потврдуваат извори вклучени во истрагата. Предметот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, додека од Министерството за внатрешни работи официјално потврдуваат апсење на лице со иницијали Ф. С.

Стафа беше на функцијата државен правобранител од август 2018 до 23 август 2022 година, кога беше разрешен од должност. Државниот правобранител се именува од Владата и е надлежен за заштита на имотните и правните интереси на државата.

Во јуни 2022 година, „360 степени“ објави истражување за случај на незаконска денационализација, во кој четири скопски семејства со години водат судски постапки, а во предметот беше инволвирано и Државното правобранителство, со кое тогаш раководеше Стафа.

По информациите за апсењето, од МВР соопштија дека станува збор за лице со иницијали Ф. С., без дополнителни детали, најавувајќи повеќе информации во текот на денот за основите на лишувањето од слобода.

Дел од медиумите објавуваат дека Стафа е осомничен за примање поткуп во износ од неколку десетици илјади евра.

Фехми Стафа, кој по заминувањето од функцијата работел како адвокат, неодамна беше меѓу пријавените кандидати на јавниот оглас на Собранието за избор на член на Судскиот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судија ја спречи ICE да го приведе Килмар Абрего Гарсија при проверка
Следна Статија (ВИДЕО) Најмалку 10 загинати во масакрот на плажа во Сиднеј, уапсени се двајцата напаѓачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото

Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираат денеска…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Жена предизвикала експлозија при промена на плинска боца во Кичево

Вчера во 11:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Р.М.(57) од Кичево која во својот дом на улицата „Влашки…

August 2, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?