Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција
ХРОНИКА

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа приведен во истрага за корупција

Објавено December 14, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е лишен од слобода, потврдуваат извори вклучени во истрагата. Предметот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, додека од Министерството за внатрешни работи официјално потврдуваат апсење на лице со иницијали Ф. С.

Стафа беше на функцијата државен правобранител од август 2018 до 23 август 2022 година, кога беше разрешен од должност. Државниот правобранител се именува од Владата и е надлежен за заштита на имотните и правните интереси на државата.

Во јуни 2022 година, „360 степени“ објави истражување за случај на незаконска денационализација, во кој четири скопски семејства со години водат судски постапки, а во предметот беше инволвирано и Државното правобранителство, со кое тогаш раководеше Стафа.

По информациите за апсењето, од МВР соопштија дека станува збор за лице со иницијали Ф. С., без дополнителни детали, најавувајќи повеќе информации во текот на денот за основите на лишувањето од слобода.

Дел од медиумите објавуваат дека Стафа е осомничен за примање поткуп во износ од неколку десетици илјади евра.

Фехми Стафа, кој по заминувањето од функцијата работел како адвокат, неодамна беше меѓу пријавените кандидати на јавниот оглас на Собранието за избор на член на Судскиот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судија ја спречи ICE да го приведе Килмар Абрего Гарсија при проверка
Следна Статија (ВИДЕО) Најмалку 10 загинати во масакрот на плажа во Сиднеј, уапсени се двајцата напаѓачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Битолчанец починал кај Старавина додека собирал шумски плодови

МВР информираше дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Старавина, Битолско, починал Р.Д. на возраст…

October 13, 2024
ХРОНИКА

Млад маж загина при сеча на дрва во Горно Мелничани

Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево,…

July 14, 2026
ХРОНИКА

Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани…

April 28, 2026
ХРОНИКА

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?