Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поскапуваат горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поскапуваат горивата
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата

Објавено June 23, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстра лесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,0 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 41,687 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 6,182 отсто, кај дизелот за 2,172, кај екстра лесното масло за 6,442 и кај мазутот за 2,609 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг
Следна Статија Eвропските вредности на Заев и Димитров: По Центарот за македонски јазик, Грција забрани и фестивал на Македонците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп избира кариерен службеник да раководи со агенцијата за статистика чиј претходен шеф го отпушти

Агенцијата е без постојан лидер од август кога Трамп го отпушти претходниот комесар Ерика МекЕнтарфер поради послаб извештај за вработувањето.

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Не ви е јасно нешто за пензијата? Од сега граѓаните може да се информираат во ПИОМ на бројот 02/ 15 215

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување информира дека граѓаните можат да се информираат преку повикувачкиот број 02/ 15 215 во…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Зошто Кевин Хасет го освојува трката за претседател на Федералните резерви пред неа да заврши

Интервјуата за позицијата сè уште се во тек, но Хасет нуди она што другите кандидати не го поседуваат: доверба на…

December 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитреска-Кочоска денеска ќе одржат средба со Македонската банкарска асоцијација на која треба…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?