Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поскапуваат горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поскапуваат горивата
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата

Објавено June 23, 2025 17:59
Сподели
Сподели

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, цената на дизелот се зголемува за еден денар, а на екстра лесното масло за два денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,0 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува 41,687 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 6,182 отсто, кај дизелот за 2,172, кај екстра лесното масло за 6,442 и кај мазутот за 2,609 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1578 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг
Следна Статија Eвропските вредности на Заев и Димитров: По Центарот за македонски јазик, Грција забрани и фестивал на Македонците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија ја завршува модернизацијата на источното крило на Коридор 8

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и…

March 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит кон Македонската развојна банка, голем е интересот кај компаниите

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Американци ќе копаат антимон во Македонија

Американска компанија ќе експлоатира руда антимон во Кривопаланечко, која потоа ќе се преработува во Соединетите Американски Држави, а на американски…

April 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година

Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?