Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поскапува летувањето во Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Поскапува летувањето во Грција
БАЛКАН

Поскапува летувањето во Грција

Објавено February 7, 2026 18:37
Сподели
Сподели

Одморот во Грција оваа година станува поскап по стапувањето на сила на новиот закон за изнајмување недвижности, кој започна да се применува од октомври 2025 година. Според проценките, цените за изнајмување апартмани веќе пораснале меѓу 10 и 20 проценти, што директно се чувствува кај туристите.

Законот воведува задолжителна сертификација за секој стан, како и низа нови даночни обврски. Трошоците за сертификација изнесуваат околу 600 евра по стан, а сопствениците плаќаат и туристичка такса и 15% месечен данок на приходот од закуп.

Дополнителен притисок врз пазарот создава ограничувањето според кое едно физичко лице може да издава најмногу два стана, додека оние што поседуваат повеќе треба да се регистрираат како компании, со повисоки административни и даночни обврски, особено за странски сопственици.

Покрај законските измени, растот на трошоците за одржување, енергенси и работна сила дополнително ги зголемува цените за туристите. Александар Сеничиќ, директор на Здружението на туристички организации на Србија, наведува дека пакетите за летување во Грција годинава ќе бидат поскапи за 10 до 12 проценти.

Експертите предупредуваат дека новите правила имаат за цел поголема контрола на пазарот, но во исто време го прават туристичкото изнајмување поскапо, отворајќи прашање дали Грција постепено се оддалечува од имиџот на „достапна“ летна дестинација.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Му го одзеле возилото, возел без возачка и пијан во Неготино
Следна Статија Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Известувач на ОН во посета на Грција: Израел нема право на одбрана, но Хамас може да напаѓа непречено

,Специјалниот известувач на Обединетите нации Франческа Албанезе ја посети Грција  и упати бројни навреди кон Израел и неговата политика кон…

May 5, 2026
БАЛКАН

„Ако умреме, нека умреме заедно“: Жената на српскиот патник од „Рајанер“ ја раскажува драмата во авионот

Жената која го спаси својот сопруг од целосно извлекување од авион на „Рајанер“ на средина од летот, рече дека додека…

July 14, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас, доцна синоќа е…

December 20, 2024
БАЛКАН

Хрватска затвори патишта поради силни ветрови до 130 километри на час

Поради невремето со урагански ветрови на места со брзина и до 130 км/ч, во делови од Хрватска е на сила…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?