Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители
МАКЕДОНИЈА

Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Објавено March 13, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка на Љупчо Коцевски посочи дека партиски луѓе не треба да има во судството.

„Последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите меѓу кои е именуваното лице за коешто вие сега зборувате.

 Најголемиот дел би рекол 95% од обвинителите и судиите се луѓе коишто чесно си ја работат својата работа, коишто обвинуваат и судат според закон и Устав. Но, за жал има и такви коишто останаа да бидат партиски измеќари и коишто ценат дека кога ќе ја облечат тогата наместо да заборават на партиските привилегии и оние коишто ги предложиле таму, тие се уште се верни слуги на истите коишто на времето ете бидејќи такви се законите и процедурите ги предложиле да бидат таму каде што се“, одговори Мицкоски.

Премиерот Мицкоски го потенцираше однесувањето на еден обвинител којшто наместо да биде заштитник на владеењето на правото, одбрал да биде верен слуга и измеќар на една партија којашто беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада.

„Посебно би го потенцирал однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена којшто одлучи наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата да биде верен слуга и измеќар на една партија којашто беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада“, објасни Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници
Следна Статија Мицкоски: Инвестициите во образованието меѓу приоритетите на Владата- се градат 7 училишта, се реконструираат образовни установи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата го задолжи Министерството за правда да предложи разрешување на Љупчо Коцевски

Како Влада сакаме да ја информираме јавноста дека на денешната седница, беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Духовденски понеделник, ова се обичаите кои носат благосостојба и среќа

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициска контрола влегла во ,,Пулс” неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле

Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија“, дециден Мицкоски

„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?