Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Последните 10 минути кобни за Пелистер – Македонскиот првак загуби од ПСЖ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Последните 10 минути кобни за Пелистер – Македонскиот првак загуби од ПСЖ
СПОРТ

Последните 10 минути кобни за Пелистер – Македонскиот првак загуби од ПСЖ

Објавено September 19, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Ракометарите на Пелистер доживеаја пораз во Париз, од ПСЖ 33:27 (16:16) во второто коло во Лигата на шампионите.

Пелистер на фаворизираниот противник му пружи сериозен отпор. 50 минути македонскиот првак играше егал со фаворизираниот противник. Последните 10 минути беа кобни за Пелистер, ПСЖ г заклучи натпреварот со серија 7:0.

Во текот на мечот Пелистер имаше минус од четири гола, во првиот дел, но на полувремето резултатот беше изедначен, 16:16.

Играчите на тренерот Рубен Гарабаја, во вториот дел два пати имаа предност од три гола, не успеаја да ја задржат, а се чини дека во финишот немаа сила да го задржат темпото во кое играа 50 минути.

Десниот бек на Франција и ПСЖ, Пранди со 11 гола беше најефикасен на натпреварот,
Шипжак постигна седум гола. Пелистер го предводеа Манасков со пет гола, еден помалку имаше Кузмановски, а Цехте постигна три гола. Во следното коло Пелистер ќе го пречека ГОГ Гудме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во тек е голема полициска акција во Македонија против шумската мафија – падна директор, полициски началник, полицајци, газди на фирми
Следна Статија Девојка сведочи како пред 12 години го пријавила убиецот на Росица во полиција, но не била единствена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Челзи до трофејот Светски клупски шампион (ВИДЕО)

Англискиот тим Челзи е освојувач на трофејот на Светското фудбалско клупско првенство што изминатите 30 дена се одржа во САД.…

July 14, 2025
СПОРТ

(Видео) Леао го искачи Милан на челната позиција во Серија А

Во последниот неделен дуел во Серија А, Милан ја победи Фиорентина благодарение на пенал во самиот финиш од натпреварот. Милан…

October 20, 2025
СПОРТ

Пелистер со победа ја започна сезоната во Лигата на шампионите

Ракометарите на Пелистер со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола македонскиот првак го победи…

September 11, 2025
СПОРТ

(ФОТО) Душко Тошиќ од трошната куќа во која израсна изгради дворец

Фудбалерот Душко Тошиќ и покрај успехот и луксузот никогаш не заборави од каде доаѓа, па го реновира својот семеен дом…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?