Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Постапката за разрешување на Коцевски продолжува по изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Постапката за разрешување на Коцевски продолжува по изборите
МАКЕДОНИЈА

Постапката за разрешување на Коцевски продолжува по изборите

Објавено August 1, 2025 17:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека републичкиот јавен обвинител Љубомир Коцески кому му беше изгласана недоверба во Собранието, продолжува да биде лојален на претходната владејачка коалиција ДУИ-СДСМ, и оти правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот на негово разрешување.

Вие се сеќавате дека од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум бил во некаква коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија, дека сум опструирал обвинителни процеси итн. Во рамките на неколку минути сето тоа се демантираше, дека е практично конструкција и лага. Видовте кои го поддржаа при гласањето – тоа беше поранешната влада, пратениците од ДУИ, кои што ме обвинуваа дека соработувам со него, при неговите етноцентрични одлуки со фокус на ужасната трагедија во Кочани. Ете, видовте каква е вистината, дека тој практично е сè уште лојален на оние што претходно му дале поддршка, а тоа е коалицијата ДУИ–СДСМ, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата моментално нема правна можност да преземе конкретни чекори поради изборниот процес што следува.

-Сега, и да сакаме, не можеме да преземеме нешто бидејќи влегуваме во процес на распишани избори. Најверојатно изборите ќе се распишат кон крајот на следната недела. Така што, сите процеси на избор и именувања поради ограничувањата на законот ќе бидат стопирани. Од ноември ќе продолжиме со оној процес, онаму каде што застанавме. Ако се одважи и даде оставка, повторно влегуваме во еден лавиринт во кој не можеме да бидеме поради ограничувањата кои што ги имаме. Ние можеме да избереме, но ќе биде спротивно на закон. Затоа има таму заменици – тие ќе ја заменуваат работата на јавниот обвинител сè додека не биде избран нов. Истото важи и за другите институции, не само за јавниот обвинител, додаде тој.

Во понеденикот, пратениците во македонското Собрание ја поддржаа интерпелацијата на републичкиот обвинител Коцевски. Интерпелацијата нема правно дејство што значи дека Коцевски останува сам да одлучи дали ќе поднесе оставка или пак Владата ќе биде таа која ќе продолжи со постапката за разрешување.

Коцевски во интервју за весникот „Вечер“ изјави дека нема да поднесе оставка „туку уште поревносно ќе се посвети на работата, особено за неколкуте големи случаи по кои се постапува како „Онкологија“ и „Пулс“ и „Крмзов“, за кои, како што вели, постојат многу цврсти докази.

Во врска со поништувањето на конкурсот за избор на судија во Европскиот суд за човекови права, Мицкоски изјави дека е формирана нова комисија со сите лица кои раководат со судските институции.

-Тие нека одлучат во следниот конкурс кој е најдобар, посочи премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави осум нови инвестици
Следна Статија Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вакциналните пунктови соочени со недостиг на кадар, едно од можните решенија е прераспределба

Вакциналните пунктови низ државава се соочуваат со недостиг од кадар. Од Унијата што ја предводи Здружението на медицински сестри, техничари,…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Професор Иван Саша Шихан: Македонија е пример за тоа како земјите во регионот можат да соработуваат со западните сили

Некои земји во регионот избраа поинаков пат, служејќи како модел за западната соработка во развојот на инфраструктурата, ова го истакна…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

31,16 проценти од запишаните гласачи гласале до 15 часот

До 15 часот на локалните избори своето право на глас го искористиле 31,16 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во изминативе месеци обвинители се жалат на стомачни проблеми и температура кога треба да се преземе акција против криминалци

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив, не очекувам дека ќе биде лесна…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?