Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Објавено April 26, 2025 16:16
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.

“Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните. На Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk – од денес се достапни две нови, долго очекувани услуги од Основните судови, тоа се, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица.” – изјави Андоновски

Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од основните судови, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

“Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури.“

Андоновски истакна дека намерата е граѓаните повеќе да не чекаат со часови пред судските шалтери и архиви. Во таа насока истакна дека целта на Министерството е едноставна, но ефикасна: „Граѓаните да поминуваат повеќе време со своите семејства, со своите пријатели, и да придонесуваат кон економијата, а помалку пред административни шалтери.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкета: Граѓаните сè уште не веруваат дека СДСМ се исчистил од криминал
Следна Статија Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ина за малтретирањето во старечките домови: Чудно и језиво ми е како имаме толку психопатишта на толку малку луѓе

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, реагираше на веста за малтретирањето на стари и изнемоштени лица во старечки домови во Скопје. „Ова со домовите…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес се празнува празникот посветен на раѓањето на Пресвета Богородица: Заштитничка на жените, се верува дека помага на тие што немаат деца

Мала Богородица е еден од дванаесетте големи празници во православието и го слави раѓањето на Пресвета Богородица. Според преданието, таа…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер за Груби: Ако немаш што да криеш, тогаш врати се и докажи го тоа

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД.  Таа…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камерите на „Сејф сити“ наскоро ќе ги испорачаат првите казни

Во текот на следната година ќе почне автоматското казнување на возачите во сообраќајот кои ќе бидат снимени од камерите на…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?