Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица
ЕКОНОМИЈА

Потпишан трипартитен договор за дигитална инфраструктура за примена на Законот за работно ангажирање на лица

Објавено December 31, 2025 15:56
Сподели
Сподели

На 30 декември 2025 година во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, беше потпишан Трипартитен договор за развој и надградба на веб-сервиси и информациски системи, со кој се воспоставува клучната дигитална и институционална инфраструктура за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на РСМ“ бр. 104/25).
Договорот е потпишан помеѓу:
Министерството за финансии – Управата за јавни приходи, како краен корисник и управувач со системот за наплата на даноци и придонеси,
Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП Скопје, како спроведувач на проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“,
Друштвото за истражување и развој во техничките и технолошките науки УЛТРА ДОО Скопје, како изведувач на техничкото и софтверското решение.
Овој договор претставува пример за функционално и одговорно партнерство помеѓу јавниот сектор, граѓанското општество и приватниот технолошки сектор, со заедничка цел создавање модерен, ефикасен и правично уреден систем на работно ангажирање.
Стратешката улога на институциите е од суштинско значење за реализацијата на овој договор.
Министерството за финансии, преку Управата за јавни приходи, ја има клучната улога во воспоставување стабилен и сигурен систем за пресметка и наплата на даноци и придонеси, со што се обезбедува фискална дисциплина, еднаков третман на сите учесници на пазарот на труд и заштита на јавниот интерес.
Министерството за труд и социјална политика, како носител на политиките за труд и социјална заштита и институција надлежна за креирање на Законот за работно ангажирање на лица, преку имплементацијата на овој систем обезбедува суштинска заштита на работниците, формализација на работните односи и јакнење на социјалната сигурност, особено за сезонските, повремените и привремено ангажираните лица.

Агенцијата за вработување на Република  Македонија, како составен дел од овој систем, обезбедува евиденција на пријава и одјава на работно ангажирани лица, со што се воспоставува целосен, интегриран и интероперабилен институционален механизам.
Со потпишувањето на договорот директно се реализира обврската утврдена во член 26 став (3) од Законот за работно ангажирање на лица, со кој е предвидено дека системот за евиденција на работно ангажирани лица и надградбата на системот за наплата на даноци и придонеси мора да се воспостават најдоцна до 1 јануари 2026 година.
Со ова, институциите демонстрираат високо ниво на координација, навременост и одговорност во спроведувањето на законските решенија.

Особено се нагласува и значењето на другите две договорни страни:

Центарот за истражување и креирање на политики – ЦИКП Скопје, како спроведувач на проектот, обезбедува стратешка, аналитичка и координативна поддршка, гарантирајќи дека техничките решенија се усогласени со јавните политики, законските цели и европските стандарди, со донаторска поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ GmbH).
УЛТРА ДОО Скопје, како изведувач, обезбедува високо-квалитетно техничко решение, развој на безбедни и интероперабилни веб-сервиси, интеграција на институционалните системи и пренос на знаење, со што се зајакнуваат долгорочните капацитети на државните институции.

Со овој договор, државата испраќа јасна и недвосмислена порака дека реформите во областа на трудот и јавните финансии не се декларативни, туку реални, применливи и технолошки поддржани. Формалната економија, заштитата на работниците, фер конкуренцијата и дигиталната трансформација се заедничка одговорност и заеднички интерес.
Овој чекор претставува темел за одржлив, транспарентен и европски ориентиран систем на работно ангажирање, во кој правата и обврските се јасни, а институциите дејствуваат координирано и во служба на граѓаните

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети
Следна Статија Гувернерот Славески: Народната банка со проактивна улога во подобрувањето на условите на плаќањата во економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Новата пруга ќе ја пуштиме во употреба со нови возови и реконструирани железнички станици

Новата брза пруга ќе почне да се гради оваа есен или зима и ќе биде готова за пет години од…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото прв пат над 3.800 долари

Цената на златото се искачи на рекордни 3.800 долари за унца, а скапоцените метали пораснаа, поттикнати од послабиот долар, бидејќи…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените во маркетите подивеа: Црешите се продаваат по 1359 денари, јаболките и бананите над 100, цитроните по 130 денари

Цените во маркетите подивеа откако заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи. Дел од производите поскапеа веднаш што предизвика…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ: Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?