Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
ЕКОНОМИЈА

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија

Објавено November 6, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов денеска ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8.

Церемонијата на потпишувањето ќе биде организирана на железничката станица Ѓуешево, а предвидено е да присуствуваат претставници на Европската комисија, на НАТО, на САД, на Европската инвестициска банка, на Европската банка за обнова и развој, како и претставници на Светска банка.

Како што информираат од Министерството за транспорт, изградбата на железничкиот тунел ќе претставува меѓугранична точка на двете држави на Коридорот 8.

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 се на територијата на Македонија.

-Изградбата на железничкиот Кориодр 8, покрај економското значење за Македонија и регионот, има и безбедносно значење во рамки на НАТО. Во таа насока, на источниот Коридор 8 веќе е изградена и пуштена за сообраќај пругата од Куманово до Бељаковце, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.

Делницата од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, а интензивно се работи и на подготовка за третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија која во продолжение ќе го опфати и тунелското решение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата, истакна Муцунски
Следна Статија Јовева: ЕК треба јасно и гласно да каже дека Македонија има напредок, не е фер да се става во ист кош со Србија и БиХ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ќе се намалуваат увозни царини на 70 производи

Намалување на царинските стапки за околу 70 производи, главно репроматеријали и суровини, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочсока, денеска на…

May 22, 2025

С&П 500 фјучерси малку променети по завршување на четиридневен пад

С&П 500 и Dow Jones индустриски просек го прекинаа четиридневниот пад во редовното тргување во четвртокот.

December 20, 2025
СВЕТ

Авионот на Урсула фон дер Лајен остана без навигација во Бугарија

Авионот во кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, леташе за Бугарија вчера попладне остана без ГСП-навигација и…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ветерните лидери предупредуваат на глобален ‘прелив’ од зелениот удар на Трамп

Суспензијата наoffshoreрските обновливи проекти во САД додава неизвесност на пазарот

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?