Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“
МАКЕДОНИЈА

Потресен повик од мајка на загината девојка во Пулс: „Барем за тие што ни останаа, да кажеме СТОП!“

Објавено June 6, 2025 19:58
Сподели
Сподели

Верица Трифунова, мајка на трагично починатата Моника Спасова, која загина во ноќниот клуб „Пулс“, испрати длабоко емотивен апел до јавноста, повикувајќи ги граѓаните да се придружат на утрешниот протестен марш во Кочани, кој повторно ќе започне во 16 часот и 5 минути.

Во својата порака, Трифунова не само што бара правда за загинатите млади, туку и испраќа крик на очај и надеж – апел до целото општество да се соочи со реалноста на криминалот, насилството, корупцијата и опасноста од дрогата која, како што вели, ни ја уништува иднината на децата.

„Кој има душа, со разум и развиени мозочни ќелии, и застане рамо до рамо со нас родителите, и ќе се бори за правда на убиените ангели – со тоа ќе покаже дека е совесен родител и размислува за иднината на сопствените деца“, изјави Трифунова. Таа додава: „Да застанеме и да кажеме стоп на криминалот, корупцијата, насилството, дилерите… барем тие што ни останаа – половина ни се иселија, од половина што ни останаа, ни ги убија.“

Маршот, кој се одржува под мотото „Правда за убиените ангели“, е продолжение на граѓанските иницијативи во Кочани кои повикуваат на одговорност и темелна истрага за трагичниот случај во клубот „Пулс“, како и посилна борба против криминалните структури кои, според семејствата на жртвите, со години дејствуваат неказнето.

Родителите на настраданите млади, поддржани од бројни граѓани и активисти, инсистираат дека оваа борба не е само за нивните деца, туку и за иднината на сите деца во Македонија.

„Тие што преживеаја трајно ни ги оштетија. Ако имате грам совест и човечност, барем за детските животи – придружете ни се“, вели Трифунова во своето потресно обраќање.

Протестниот марш започнува точно во 16:05 часот – време што го симболизира моментот на трагедијата и почетокот на борбата за правда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Цените на овошјето и зеленчукот во Грција како кај нас – нема потреба да носите од дома
Следна Статија Уапсен 16 годишникот кој се обиде да убие маж во Студеничани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пола Македонија без струја, граѓаните гневни на ЕВН

Голем дел од Македонија рано изутринава од пет часот остана без струја. Електричната енергија беше во прекин речиси два часа.…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е чист понеделник, почнуваат Велигденските пости

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лејла Кадриу за Ленче Ристоска: Наместо одговори добивме оставка

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Родителите со порака до пратениците: Голема НЕ(благодарност) за поддршката

Попладнево во Кочани започна уште еден протест за подршка на семејствата на жртвите и повредените во страшниот пожар во кој…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?