Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потрес во светот на модата: Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Потрес во светот на модата: Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра
Blog

Потрес во светот на модата: Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра

Објавено April 10, 2025 19:28
Сподели
Сподели

Италијанската модна куќа Прада денеска објави дека склучила „дефинитивен договор“ со американската групација Капри Холдингс за 100% преземање на легендарниот бренд Версаче за 1,25 милијарди евра.

Спојувањето на двата легендарни брендови ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над 6 милијарди евра, која полесно ќе им конкурира на гигантите од секторот како LVMH и Kering, објави Би-Би-Си.

Овој договор е спротивен на трендот од последните години

„Среќни сме да му посакаме добредојде на Версаче во Групацијата Прада и да изградиме ново поглавје за бренд со кој споделуваме силна посветеност на креативноста, изработката и наследството“, коментира претседателот и извршен директор Патрицио Бертели.

Договорот е спротивен на трендот во последниве години, според кој големите имиња во италијанската мода, како Гучи, Фенди и Ботега Венета, преминаа во рацете на нивните француски конкуренти.

Договорот вреден 1,25 милијарди евра ја враќа една од најпознатите италијански модни брендови под италијанска контрола, откако беше продаден на американската Капри холдингс, тогаш позната како Мајкл Корс.

„На што се надеваа Италијанците“

И покрај тоа што Италија сочинува 50 до 55 отсто од глобалното производство на луксузни стоки за лична употреба, според проценките на консултантската компанија Bain, на земјата ѝ недостасува конгломерат кој може да се натпреварува со француските играчи како што се LVMH и Керинг, сопственик на Гучи.

Прада, со седиште во Милано, е најголемата луксузна модна групација во Италија според приходите.

Но, на берзата не може да се натпреварува со компании како LVMH, сопственик на Луј Витон.

„Амбицијата на Прада да стане водечки луксузен конгломерат во Италија е значајна промена на пазарот на кој доминираат француски групации. Тоа е токму она на што се надеваа многу Италијанци“, рече Ахим Берг, консултант во индустријата за мода и луксуз.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Морган Фримен открива зошто секогаш носи две златни обетки, причината е мрачна
Следна Статија (ВИДЕО) Д-р Даниловски со критика за претседателот на Македонското научно здружение за аутизам: Збришана е целата доверба на народот кон вакцините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Јарец – вторник, 28 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Амбициозниот, стрпливиот и практичниот Јарец ќе ги искористи денешните моменти за предвидана саморефлексија и за…

January 28, 2025
Blog

Starship одлета на петтиот пробен лет, па направи историски подвиг (ВИДЕО)

SpaceX во неделата го лансираше петтиот пробен лет на ракетата Starship. Компанијата на Илон Маск го лансираше Starship во 8:25…

October 14, 2024
Blog

Резултати од универзитетски фудбал, рангирања и highlights во 13-та недела

Неколку кандидати за College Football Playoff јасно ги прикажаа своите квалитети во претпоследната недела од редовната сезона

November 24, 2025

Сузан Сарандон вели дека холивудските улоги престанале откако „проговорила за Газа“

Добитничката на Оскар, актерката Сузан Сарандон, е во Шпанија овој викенд за да ја прими наградата за кариерно достигнување на…

February 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?