Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПОЧИВАЈ ВО МИР РИСТЕ ВЕЛКОВ: Македонија остана без исклучителен уметник, врвен интерпретатор и прекрасен човек
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ПОЧИВАЈ ВО МИР РИСТЕ ВЕЛКОВ: Македонија остана без исклучителен уметник, врвен интерпретатор и прекрасен човек
ХРОНИКА

ПОЧИВАЈ ВО МИР РИСТЕ ВЕЛКОВ: Македонија остана без исклучителен уметник, врвен интерпретатор и прекрасен човек

Објавено May 22, 2026 16:37
Сподели
Сподели

Оперскиот пејач Ристе Велков и неговиот син Адам се меѓу загинатите во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница.

Тажната вест ја потврдија од Националната опера и балет.

„ЗАГИНА НАШИОТ ОПЕРСКИ ПРВЕНЕЦ, РИСТЕ ВЕЛКОВ, БАРИТОН (1975–2026)“

-Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Македонската опера и балет и во македонската музичка култура. Ристе Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти. Роден е во 1975 година во Скопје, Република Македонија. Како реномиран солист – првенец на Македонската опера и балет, тој претежно настапува во белканто продукции, со што го заслужува и епитетот „италијански баритон со кадифена боја“, велат од НОБ.

Средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во 1994 година, во класата на проф. Марија Николовска, смер соло-пеење. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1999 година, во класата на м-р проф. Милка Ефтимова. Магистрира со највисока оцена cum laude во 2011 година на истиот факултет, во класата на м-р проф. Билјана Јовановска Јакимовска, смер соло-пеење.

Во периодот 1995–2000 година ги гради основите на оперското пеење кај македонскиот тенор Гога Трајанов. Своето уметничко усовршување го продолжува кај драмскиот тенор Стојан Стојанов Ганчев од Загреб, како и кај познатите италијански вокални педагози Антонио Бојер и Мирела Паруто, и светски познатиот романски баритон Николај Херлеа. Од 2001 до 2017 година се специјализира и го надградува својот репертоар во приватното оперско студио на бугарскиот баритон Стојан Попов во Софија.
Во 1996 година, како студент, дебитира во драмската претстава „Амадеус“ на сцената на Драмски театар – Скопје. Во 1998 година дебитира на „Мајски оперски вечери“ со улогата на Маруло во „Риголето“. Во 2009 година настапува на матичната сцена во Македонската опера и балет со насловната улога во „Набуко“. Во 2016 година настапува во продукција на Tokyo Opera во Јапонија, со улогата на Жорж Жермон во „Травијата“, во Performing Arts Center Ryutopia во Ниигата. Во 2017 година одржува солистички рецитал во Музеј-куќата на Борис Христов во Софија.

Велков гостува во Јапонија, Србија, Романија, Турција и Бугарија, а настапува на речиси сите значајни домашни фестивали и манифестации: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Штипско лето“, „Есенски музички свечености“, „Мајски оперски вечери“, „Интерфест“ – Битола и други.
Во текот на својата кариера реализираше голем број улоги, меѓу кои повеќе од 15 главни и водечки баритонски остварувања: Набуко („Набуко“), Риголето („Риголето“), Магбет („Магбет“), Грофот Луна („Трубадур“), Жорж Жермон („Травијата“), Дон Карло ди Варгас („Моќта на судбината“), Амонасро („Аида“), Ецио („Атила“), Енрико („Лучија од Ламермур“), Белкоре („Љубовен напиток“), Ескамиљо („Кармен“), Валентин („Фауст“), Шонар („Боеми“), Алфио („Кавалерија рустикана“), Силвио („Палјачи“), Таткото Петер („Ивица и Марица“), Сигизмунд – крал на Полска („Иван Сусанин“), Огнен („Цар Самуил“) и Вангел („Илинден“).

Неговата посветеност кон уметноста, впечатливите улоги и љубовта кон сцената ќе останат трајно запаметени.

Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите и сите што го познаваа и почитуваа. Слава му.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За малку ќе се судреле на улица: Рубин Земон од СДСМ случајно се сретнал во Софија со Виктор Стојанов
Следна Статија Путин се закани: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец уапсен поради закани кон лекар во приватна клиника

Полицијата приведе 45-годишен жител на Скопје поради упатени закани кон лекар во приватна болница на подрачјето на Карпош. Како што…

March 22, 2025
ХРОНИКА

И тоа дочекавме: „Партизанска“ без 4 жмигавци и разигран пајак во Дебар Маало

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација

Погребално претпријатие во Берово ископувало стари гробови и остатоците од починатите лица ги фрлало на друга локација, соопшти СВР Штип.…

March 14, 2025
ХРОНИКА

Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром

Автомобил превртен на коловозот утрово по сообраќајка меѓу две возила во скопски Аеродром на крстосницата меѓу булеварот Видое Смилевски Бато…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?