Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе
ХРОНИКА

Почина гинекологот Венци Чалков, условно осуден за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе

Објавено December 1, 2025 17:10
Сподели
Сподели

Почина докторот Венци Чалков, а од него преку социјалните мрежи се простуваат членови на семејството, пријатели, пациенти, познавачи.

Гинекологот Чалков беше дел од судскиот процес, а во врска со смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години.

Тој заедно со колегата Дончо Москов од Струмица беа обвинети за кривичното дело „Тешки дела против здравјето на луѓето“, а минатиот месец им беше изречена затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело.

Апелациониот суд ги прогласи за виновни, една недела пред застарување на кривичното дело. По изречената пресуда, најавена беше жалба до Врховниот суд.

Врховниот суд делумно ја прифати жалбата на Вишото обвинителство Скопје и условната затворска казна на 15 октомври која ја изрече Апелација Скопје, ја преиначи во затворска казна во време од 10 месеци, додека на вториот гинеколог Дончо Москов му ја отфрли жалбата и остана алтернативната затворска казна од шест месеци затвор ако во наредните две години стори ново кривично дело.

Обајцата беа обвинети за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 4 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од 6 месеци до пет години. Во овој случај беа обвинети и анестезиолозите Зоран Јовановски, кој почина во истрагата, и Томе Ванчев, кој почина пред две години. Смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе се случи на 22 октомври 2015 околу 22.15 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември
Следна Статија Од полноќ поевтинува дизелот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Престрелка во близина на Бит Пазар – едно лице повредено

Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар. Неофицијално, како што пренесуваат ТВ 21, има една жртва. Според првичните информации,…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Вечерва изби шумски пожар над Битола

Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево. Командирот на…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството ќе изведува докази: Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Возеле пијани во Делчево и Кавадарци, па полицијата ги уапсила

На 28.06.2025 во 20.00 часот на ул. „Булевар Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода…

June 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?