Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина легендарниот шаховски велемајстор Борис Спаски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина легендарниот шаховски велемајстор Борис Спаски
СВЕТ

Почина легендарниот шаховски велемајстор Борис Спаски

Објавено February 27, 2025 21:54
Сподели
Сподели

Легендарниот руски шаховски велемајстор Борис Спаски почина на 88-годишна возраст, изјави во четвртокот Емил Сутовски, генерален директор на Меѓународната шаховска организација.

Смртта на Спаски ја потврди и Руската шаховска организација, а во оваа прилика на јавноста ѝ се обрати нејзиниот претседател Андреј Филатов.

„Почина голема личност од која учеа генерации и генерации шахисти, проучувајќи ги неговите игри и неговата работа. Ова е голема загуба“, рече Филатов.

Спаски е роден во 1937 година во Ленинград, денешен Санкт Петербур,г и стана десетти светски шампион во шах. Тоа се случи во 1969 година кога го победи Тигран Петросјан и ја имаше титулата светски шампион до 1972 година кога беше поразен од Американецот Боби Фишер во легендарен меч во Рејкјавик.

Тој натпревар, кој Фишер го доби со 12,5-8,5, а се играше за време на Студената војна, беше наречен меч на векот. Првпат за титулата светски шампион Спаски играше во 1966 година, кога беше поразен од неговиот сонародник Петросјан.

Во текот на 1976 година, Спаски се преселил во Франција и набргу потоа зема француско државјанство. Играше под француско знаме на три шаховски олимпијади, во 1984, 1986 и 1988 година. Во 2012 година го напушти Париз и последните години од животот ги помина во родната Русија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се снима филм за Бритни Спирс: Нема да верувате која актерка ќе ја глуми поп дивата, сличноста е неверојатна
Следна Статија Муцунски не очекува резолуцијата во ОН да има последици врз патот кон членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Прекин на струјата во Сан Франциско: Повеќе од 6.000 корисници без електрична енергија

Повеќе од 6.000 корисници на Pacific Gas and Electric доживеаја прекин на електричната енергија во текот на саботата во неколку…

December 29, 2025
СВЕТ

Иран погоди полн танкер со нафта во пристаништето во Дубаи

Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа…

March 31, 2026
СВЕТ

Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон

Натписот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) вчера попладне беше симнат од влезот на седиштето на агенцијата, иако федерален…

February 8, 2025
СВЕТ

Ирска: Осуммина осудени за над два тона кокаин вреден 157 милиони евра

Осум лица се осудени на затворски казни од 13,5 до 20 години за учество во најголемата заплена на наркотици во…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?