Почина 21-годишниот Виктор Боневски, кој се бореше со малигна неоплазма на абдоменот. Тој беше опериран, но за жал, ја изгуби битката со болеста. На социјалните мрежи, од него се простуваат блиските, роднините, пријателите. Веста ја обзнани неговиот брат Даниел.
Виктор Боневски беше фудбалер, чија кариера беше прекината во повеќе наврати, по дијагностицирање на рак на тестиси, рак на абдомен и неколку други органи, дијагнози со кои македонското здравство не успева да се соочи успешно во повеќе наврати, и поради тоа е приморан да го продолжи своето лекување во Турција. Парите за лекувањето беа собирани преку процес на донации, во кој беа вклучени бројни граѓани, јавни личности, меѓу кои и групата ДНК.