Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
СВЕТ

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

Објавено November 8, 2025 14:34
Сподели
Сподели

Светски познатиот научник Џејмс Вотсон, кој ја делеше Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1962 година за помош во откривањето на структурата на ДНК, почина на 97-годишна возраст.

Смртта на Вотсон беше потврдена синоќа од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што работеше со децении. Во 2007 година се пензионираше од престижната лабораторија во државата Њујорк откако даде расистички коментари, пренесе ДПА.

Вотсон, заедно со Франсис Крик и Морис Вилкинс, го направија револуционерното откритие во 1953 година дека структурата на ДНК е двојна спирала, што беше пресвртница во модерната медицина и молекуларната биологија.

Вотсон стана раководител на лабораторијата „Колд Спринг Харбор“ во 1968 година, претворајќи ја во голем центар за истражување на ракот. Тој, исто така, ја прошири нејзината работа во биологијата на растенијата и невронауката.

Во 2007 година, британскиот „Сандеј Тајмс“ објави интервју со Вотсон во кое тој сугерираше дека црнците се помалку интелигентни од белците.

Истражувачот потоа поднесе оставка од својата позиција како шеф на лабораторијата, а исто така се повлече и од јавниот живот. Подоцна ги повтори овие забелешки. Лабораторијата ги прекина сите преостанати врски со него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врнежливо до вторник, потоа стабилно и суво време
Следна Статија „Моите корени се азиски, а мојот пасош е српски“, вели Монголката која ќе ја претставува Србија на Мис Универзум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Како кучиња: Еве како живеат Балканците во Германија

„Еве, гледате, сум, во „вукојебина“, ја започна својата исповед еден млад човек, од Балканот гастарбајтер од регионот, кој сакаше да…

February 16, 2026
СВЕТ

Путин потпиша нов Указ за регрутација – во Украина ќе се испратат уште 135.000 Руси

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за регрутирање на руски државјани за воена служба во периодот од октомври до декември…

September 29, 2025
СВЕТ

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија оваа недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што…

April 21, 2025
СВЕТ

Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки

Добитник на Нобеловата награда за мир е јапонската организација преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасак „Нихон Хиданкјо“ за…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?