Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина „омилениот судија“, Френк Каприо ја загуби битката со ракот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина „омилениот судија“, Френк Каприо ја загуби битката со ракот
СВЕТ

Почина „омилениот судија“, Френк Каприо ја загуби битката со ракот

Објавено August 23, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Френк Каприо, американскиот судија од Род Ајленд кој со својата добрина и човечност ги освои срцата на милиони луѓе ширум светот, почина на 88-годишна возраст по долга борба со рак на панкреасот.

Веста за неговата смрт беше соопштена на неговиот официјален Инстаграм-профил, каде што беше истакнато дека „сочувството, скромноста и вербата во добрината на луѓето“ остануваат како негово најголемо наследство.

„Ќе биде запаметен не само како почитуван судија, туку и како посветен сопруг, татко, дедо, прадедо и пријател. Неговата топлина и хумор оставија неизбришлив белег кај сите што имаа среќа да го запознаат“, се наведува во пораката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Judge Frank Caprio (@therealfrankcaprio)

Објавата беше проследена со фотографии од неговата судиска кариера, но и од приватниот живот со семејството.

Само еден ден пред да биде објавена тажната вест, Каприо се обрати до јавноста со емотивно видео од болничкиот кревет. Во пораката тој откри дека повторно е хоспитализиран и упати молба до своите следбеници: „Семоќниот нè чува, затоа сетете се на мене, ве молам“.

Судија кој стана светска ѕвезда

Каприо стана познат преку реалното шоу „Caught in Providence“, во кое неговиот необичен пристап кон казнените постапки – со сочувство и разбирање за животните тешкотии на луѓето – го претворија во глобален феномен.

Емисијата, која се емитуваше од 2018 до 2020 година, освои четири номинации за дневна награда Еми, а Каприо беше номиниран и за најдобар ТВ-водител.

На социјалните мрежи, неговите видеа станаа вирални и се споделуваа милиони пати. Во еден од најпознатите случаи, тој го ослободи 96-годишен возач обвинет за пребрзо возење, откако дозна дека мажот го возел својот син болен од рак на лекар.

Последната борба

Во декември 2023 година, Каприо јавно објави дека му е дијагностициран рак на панкреас.

„Извештајот не беше добар“, призна тогаш, додавајќи дека е под надзор на медицински тимови во Род Ајленд и во престижниот Институт за рак „Дана-Фарбер“ во Бостон.

„Се молам Бог да ги насочува нивните умови и раце додека ме лекуваат“, рече Каприо во своето обраќање.

Иако ја изгуби битката со болеста, неговото наследство останува запишано во милиони срца.

„Во негова чест, внесете малку повеќе сочувство во светот – исто како што тој правеше секој ден“, се вели во последната порака на неговото семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Judge Frank Caprio (@therealfrankcaprio)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Федерер стана милијардер
Следна Статија Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра, целта е работно ангажирање на младите за да останат во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ги избра државниот секретар, секретарот за правда и шефот на разузнавачката служба

Републиканскиот сенатор Марко Рубио нов државен секретар, претставникот Мет Гаец секретар за правда и Тулси Габард шеф на разузнавачката заедница…

November 14, 2024
СВЕТ

Британците планираат атентат:Поранешен шпион на КГБ му порачува на Путин да не оди во Будимпешта

Рускиот претедател Владимир Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија…

October 21, 2025
СВЕТ

Мадона до папата Лав XIV: „Оди во Газа пред да биде предоцна“

Мадона го повика папата Лав да ја посети Газа во хуманитарна мисија за да им помогне на гладните палестински деца,…

August 12, 2025
СВЕТ

ЕУ предлага забрана на социјалните мрежи за деца под 13 години

Европратениците во Европскиот парламент ја поддржаа иницијативата за побрза примена на Законот за дигитални услуги и за забрана на штетни…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?