Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина хирургот и професор Владо Јаневски, сопругот на министерката Весна Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина хирургот и професор Владо Јаневски, сопругот на министерката Весна Јаневска
ХРОНИКА

Почина хирургот и професор Владо Јаневски, сопругот на министерката Весна Јаневска

Објавено February 28, 2026 19:50
Сподели
Сподели

По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави длабока трага во областа на хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата долгогодишна кариера, тој беше препознаен по својата посветеност кон пациентите, но и по ангажманот во едукацијата на нови генерации лекари.

Своето знаење и искуство ги пренесе на бројни млади доктори и хирурзи, кои денес работат во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во повеќе приватни здравствени установи низ државата. Колегите и соработниците го опишуваат како врвен професионалец, строг но правичен ментор и човек со голема хуманост.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел, каде семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток
Следна Статија Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил во Центар

На 29.01.2025 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, патничко возило „опел корса“…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра

Кавадарчанка била измамена преку СМС порака, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни…

January 22, 2026
ХРОНИКА

Пожар во стан на 83 годишна скопјанка

На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром…

October 21, 2024
ХРОНИКА

Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро

Три лица се повредени во верижен судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро во кој учествувале…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?