Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња
СПОРТ

Почина Џорџ Форман, еден од најголемите боксери на сите времиња

Објавено March 22, 2025 09:33
Сподели
Сподели

Џорџ Форман почина на 76-годишна возраст, потврди неговото семејство. Легендарниот боксер во тешка категорија имаше една од најдолгите кариери во спортот, која кулминираше со олимпиското злато во 1968 година.

Исто така, Форман двапати беше светски шампион во тешка категорија со разлика од 21 година помеѓу двете титули. Потоа со својата втора титула стана најстариот шампион во историјата на оваа категорија со 45 години.

Првата титула ја загуби од Мухамед Али во познатата борба „Rumble in the Jungle“ во 1974 година.

Форман во кариерата имаше 76 победи, од кои 68 со нокаут, што е двојно повеќе од Али, кој речиси сите го сметаат за најголем во историјата на овој спорт.

Форман се повлече од боксот во 1997 година пред да почне да ја промовира скара што го носи неговото име и му донесе дополнително богатство по кариерата.

Изјавата на неговото семејство од Инстаграм ја реобјавуваме во целост.

„Нашите срца се скршени. Посветен сопруг, грижлив татко и горд дедо и прадедо – тој живееше живот исполнет со непоколеблива вера, понизност и цел.

Хуманитар, олимпиец и двократен светски шампион во тешка категорија, тој беше длабоко почитуван – сила за добро, човек со дисциплина, убедување и заштитник на своето наследство. Неуморно борејќи се за зачувување на своето име и чест – за неговото семејство“, се вели во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аргентина без Меси го победи Уругвај во гости (ВИДЕО)
Следна Статија Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото! Од 2 до 3 август, во Спортската сала „Јане Сандански“, ќе се одржи Европскиот куп…

July 31, 2025
СПОРТ

Меси е преморен, ќе пропушти неколку мечеви за Интер Мајами

Репрезентативците на Аргентина, Лионел Меси и Родриго де Пол, ќе земат пауза пред да се вратат во Интер Мајами по…

July 21, 2026

Патрик Кане постигна 500 гола во НХЛ и стана петти американски играч со овој успех

37-годишниот играч постигна два гола за Детроит Ред Вингс во победата против Ванкувер Канакси

January 10, 2026
СПОРТ

Зелено’ртските Острови не се шегуваат, имаат шанса за пласман во втората фаза

- Уругвај ремизираше 2:2 со Зелено’ртските Острови ноќеска во Мајами во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Уругвај…

June 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?