Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнаа преговорите Киев-Вашингтон, „Украина е спремна на сѐ за мир“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почнаа преговорите Киев-Вашингтон, „Украина е спремна на сѐ за мир“
СВЕТ

Почнаа преговорите Киев-Вашингтон, „Украина е спремна на сѐ за мир“

Објавено March 11, 2025 12:15
Сподели
Сподели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва очекува САД да ја информираат Русија за американско-украинските разговори.

Украина сака мир и е спремна за преговори за ставање крај на војната, изјави Андриј Јермак, главниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска при пристигнувањето на разговори со американските претставници во Саудиска Арабија.

„Спремни сме да сториме сѐ за да постигнеме мир“, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател, пренесува АФП.

Делегациите на САД и Украина ги започнаа средбите во Џеда, Саудиска Арабија, потврди украинското Министерство за надворешни работи, објавувајќи видео од пристигнувањето на украинската делегација на разговорите.

Новинарите накратко влегоа во просторијата, а средбата се одржува во еден хотел. Американскиот државен секретар Марко Рубио се насмевна „за камерата“ додека украинските власти седеа на масата спроти американската делегација. На разговорите присуствува и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, а во заднина се американското, саудиското и украинското знаме.

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва очекува САД да ја информираат Русија за американско-украинските разговори што се одржуваат денеска во Саудиска Арабија, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Според извори на Ројтерс, специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, планира да ја посети Москва оваа недела за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Песков рече дека Кремљ навреме ќе ги објави информациите за какви било контакти со Виткоф, пишува Гардијан.

На прашањето дали е вистина дека Москва е спремна за шестмесечен прекин на огнот во Украина, тој одговори: „Има многу гласини во западните медиуми“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Канадскиот одговор за царините на САД: Онтарио веднаш ја зголеми цената на електричната енергија за 25%, премиерот Даг Форд се закани и со исклучување
Следна Статија (Видео) Нова снимка од пресметката пред РТС: полицаецот бил удрен од колега, а не од студенти, објави српски медиум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Маск го нарече советникот на Трамп „идиот“

Илон Маск му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „идиот“.…

April 8, 2025
СВЕТ

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи…

June 5, 2025
СВЕТ

Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа…

September 21, 2025
СВЕТ

Трамп стави потпис: Се воведуваат глобални царини од 10 проценти

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?