Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на гасоводен интерконектор со Грција

Објавено July 9, 2025 15:51
Сподели
Сподели

Започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција, во должина од 66,7 километри, кој се протега од Гевгелија до Неготино. Овој гасовод ќе има првичен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас на годишно ниво, со можност за зголемување до 3 милијарди кубни метри.

Финансиската вредност на проектот, чија реализација беше означена денес, изнесува приближно 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Финансиите се обезбедени преку два кредити, еден од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 28,9 милиони евра и друг од ЕБОР во износ од 45 милиони евра, како и преку инвестициски грант од 12,5 милиони евра, обезбеден преку ИПА инструментот на Европската Унија. Дополнително, преку CONNECTA програмата на ЕУ, беше обезбедена и техничка помош за изработка на потребните студии, проектна и тендерска документација.

На свечениот настан, кој се одржа во близина на патниот правец Неготино кон Демир Капија, каде што започнува македонската делница од интерконекторот, присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, заедно со други владини претставници и меѓународни партнери.

“Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, нашата земја станува значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија,” изјави премиерот.

Тој потенцираше дека овој гасовод со Грција ќе овозможи нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, намалени цени за населението, поголема конкурентност за компаниите, и “една силна порака – државава конечно станува дел од европската енергетска мрежа. Ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Почетниот капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно ќе може да се зголеми до 3 милијарди. Тоа е енергија за раст. Тоа е гориво за економијата. Тоа е безбедност за иднината. Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, со Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе,” додаде Мицкоски.

“Да бидеме искрени, овој проект не е нова идеја. Но, досега остана само како идеја. Иако беше ветуван претходно, никогаш не беше започнат. Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека, кога се работи со одговорност, истрајност и вистински намери – резултатите стигнуваат. И ова е само дел од поголемата слика. Се поврзуваме со гасоводите на соседите,” истакна претседателот на Владата. “Тоа ќе нè направи регионална енергетска крстосница. Тоа значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци,” притоа подвлече дека тоа значи, дека државава повеќе нема да биде на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек.

“Зашто тоа е нашата работа – да ја изградиме таа иднина. Ние сме тука да градиме нешто подобро. Ги засукавме ракавите, ја презедовме одговорноста и почнавме да ги поставуваме темелите. Темели на нови патишта и автопати. Темели на нови инвестиции и индустриски зони. Темели на нови болници и училишта. Темели на нова енергетска архитектура. Денес, повторно покажуваме: дека не стоиме, се движиме. Не чекаме– градиме. Создаваме нови можности. Ги градиме темелите на промените. Затоа, ова не е крај – ова е почеток на нешто поголемо. Ова е почетокот на новата енергетска иднина на Македонија,” нагласи Мицкоски.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, изјави дека партнерствата со пријателите и соседите “се докажувaат дека се многу поважни од бирократски и политички маневри. Оваа регионална соработка ќе овозможи независност и снабдување со енергенси во регионот,” рече Агилер, истакнувајќи дека овој проект е стратешка инвестиција во безбедноста, просперитетот и суверенитетот, го зајакнува економскиот развој и е заложба за стабилна, безбедна и одржлива иднина во однос на енергетиката, не само за двете соседни земји, туку и за целиот регион.

Софиа Филипиду, амбасадорка на Грција, исто така изрази задоволство, наведувајќи дека овој важен стратешки проект обезбедува регионална и европска енергетска безбедност, енергија и поврзаност меѓу двете држави. Амбасадорот на Европската унија, Михалис Рокас, додаде дека оваа клучна инфраструктура ќе придонесе за приближување кон трите цели на Европската Унија: безбедност, одржливост и конкурентност.

“Гасот е гориво што ќе ни помогне да ја намалиме употребата на јаглен и да ги намалиме јаглеродните емисии,” подвлече Рокас, додавајќи дека ќе се стимулира економски раст.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, потенцираше дека ќе добиеме современ гасовод, подготвен и за идниот транспорт на зелен водород, со можност за двојно зголемување на капацитетот. “Тоа значи енергетска стабилност за домаќинствата и конкурентност за македонската индустрија. Испраќаме јасна и гласна порака: Македонија повеќе не е заложник на енергетска зависност и инфраструктурна изолација. Со воспоставување на интерконекцијата, Македонија станува активен дел од регионалната енергетска мрежа. Тоа отвора врати за извоз на енергија, привлекување на странски инвестиции и изградба на стратешки партнерства.”

Божиновска исто така извести дека паралелно се работи на завршување на формалностите за ставање во функција на продуктоводот за транспорт на дизел, и дека се финализираат активностите за гасна поврзаност со Србија. “Во завршна фаза е изработката на техничката документација, по што ќе следи и изработка на проектот за изградба. Овие два клучни интерконектори – со Грција и со Србија – се поддржани од Европската комисија, и се вклучени во Акцискиот план на ЕУСАИР (Јадранско-Јонска стратегија за регионално поврзување),” појасни министерката.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, изјави дека не се слави само почеток на изградба на интерконекторот, туку и почеток на едно ново поглавје кое обезбедува посигурна, поздрава и поодговорна иднина на нашата земја. “Гасниот интерконектор со Грција не е само инфраструктурен проект – тоа е јасна порака дека Северна Македонија знае каде оди, со кого се поврзува и каква иднина гради. Оваа инвестиција е значаен чекор напред кон поздрава животна средина. Со достапноста на природниот гас, ние отвораме врата за замена на загадувачките горива, особено во општините, каде се уште се користат дрва и мазут. Тоа значи почист воздух и подобар квалитет на живот за нашите сограѓани,” истакна Меџити.

Тој додаде дека ова е и конкретен придонес кон исполнување на националните и европските климатски цели, и дека поврзувањето преку овој интерконектор е дел од визијата за современа, поврзана и отворена Северна Македонија, која не е само транзитна, туку клучна точка на стабилност и развој на целиот регион.

Мухамед Елмази, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, изрази благодарност до Европската Унија и нагласи дека преку овој проект ќе се обезбеди поефикасно балансирање на понудата и побарувачката на природен гас, ќе се унапреди конкурентноста на пазарот и ќе се создаде пофлексибилен систем, што ќе биде подготвен да одговори на идните енергетски предизвици. Тој истакна дека со ова се прави значаен чекор напред, со што се зајакнува енергетската безбедност.

Претставниците на Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, Бјорн Габриел и Фатих Туркменоглу, исто така се осврнаа на поддршката што ја даваат за проектот и други инвестиции во земјата.

Како што беше посочено на настанот, интерконекторот ќе донесе поевтин гас и сигурно снабдување за индустријата и домаќинствата.

Изградбата ќе ја изврши домашната компанија Рапид Билд ДОО, од каде истакнаа дека се подготвени со стручен кадар и техничка опременост. Ова потврдува дека македонскиот градежен сектор има капацитет да изведува сложени инфраструктурни проекти во согласност со европските стандарди.

Градежните активности на трасата започнуваат веднаш и се очекува да завршат за 22 месеци, со што интерконекторот треба да биде целосно оперативен во текот на 2027 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Пожарот кај Лозаново закана за домовите, градоначалникот на Крива Паланка бара итна интервенција
Следна Статија Голем пожар во Ѓорче Петров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Стопанството со нетрпение ги очекува парите од унгарскиот заем

Стопанството гледа оптимистички на состанокот во недела помеѓу државата и банките на кој треба да се договорат условите како ќе…

November 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржуваат денешниот бојкот на големите ланци маркети и сметаат…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Филипче: СДСМ нема да гласа за ваков буџет и ќе поднесе 200 амандмани

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики…

November 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат…

December 16, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?