Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места

Објавено May 17, 2025 14:41
Сподели
Сподели

Со поставување камен темелник денеска беше означен стартот на инвестицијата на турската компанија за произведство на грејачи и отпорници за бела техника и електрични апарати „Шахтерм“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) – Скопје. 

– Инвестицијата во првата фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е оваа инвестиција да има и втора фаза каде што вкупната вредност на оваа инвестиција ќе изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Тој оцени дека ова е проект што ја развива економијата и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја, со што ќе придонесе за зајакнување на македонската индустрија и извоз. Потенцираше и дека последните економски показатели се охрабрувачки.

– Индустриското производството во март 2025 година е пораснато за 5,2 проценти на годишно ниво споредено со март 2024 година. Странските директни инвестиции за 2024 година достигнаа 1,255 милијарди евра, со што ја направија Македонија земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлацијата во март месец е под 3 проценти, 2,7 проценти, а во април е 2,6 проценти на годишно ниво. Платите растат од 9 до 10 проценти на годишно ниво, што е знак дека се бориме против сиромаштијата и сме за зголемување на животниот стандард на нашите граѓани. Во првиот квартал од 2025 година имаме раст на кредитната активност на бизнисите и граѓаните од 13 проценти  коишто е за 6 пати повеќе од оној којшто е во рамките на Европската Унија. Со сите овие економски показатели, параметри Македонија е на добар пат да биде во најбрзо растечките економии во Европа, рече Мицкоски.

Инвестицијата со која ќе се гради објект со површина од над 13.000 квадратни метри, опфаќа и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.

Турскиот амбасадор Фатих Улусој изрази задоволство од стартот на инвестицијата на Шахтерм, која произведува грејачи и отпорници за водечките светски брендови на бела техника и електрични апарати, и истакна дека турските компании имаат важна улога во развојот на земјата обезбедувајки вработување за 10 илјади лица во државава.

-И ние ги охрабруваме турските бизнисмени да инвестираат во оваа земја и ќе продолжиме да го правиме тоа. Компанијата Шахтерм, на чија фабрика денес ги поставуваме темелите, ќе го заземе своето место меѓу компаниите кои гордо ја претставуваат нашата земја во Северна Македонија и ќе го зголеми придонесот на нашите компании за економијата на Северна Македонија, рече Улусој.

Имаме заедничка волја, додаде, трговската размена која се приближи до ниво од 1 милијарда долари, да ја зголемиме на 2 милијарди долари. Очекувааат што е можно поскоро да започнат преговорите за ажурирање на Договорот за слободна трговија од 1999 година, за кој веруваат дека ќе биде од корист за постигнување на оваа цел.

-Минатиот декември го одржавме бизнис форумот помеѓу Туркије-Северна Македонија со учество на нашиот министер за трговија, а вчера го одржавме 9-тиот Балкански економски самит со присуство на заменик-премиерот Веруваме дека овие настани ќе придонесат за понатамошно унапредување на економската и трговската соработка меѓу нашите земји. Со многуте компании и организации кои работат во земјата, особено во банкарството, образование, култура, здравство, одбранбена индустрија, индустриско производство, обновливи извори на енергија, туризам, градежништво, земјоделство, текстил и конфекција, преработувачка индустрија, малопродажба како и во многу области Туркије непрекинато ги продолжува своите економски врски и инвестиции со Северна Македонија, рече турскиот амбасадор.

Фарук Шахин, претседател и основач на Шахтерм, ја претстави компанијата, посочувајќи дека 60 отсто од своето производство го извезува. Компанијата „Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. „Шахтерм“ момнтно е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
Следна Статија Пукал со воздушна пушка кон деца што береле цреши во неговиот двор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Потпишан договор со ДМ- БАУ Интернационал за нова инвестиција од 7 милиони евра и 200 нови вработувања

Денес потпишуваме договор за нова инвестиција во државава. Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во…

June 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Водиме внимателна политика и ги контролираме трошоците, вели Димитриеска-Кочоска, намален јавниот долг

Владата води многу внимателна политика во насока на контролирање на трошоците, на буџетскиот дефицит и јавниот долг и таа заложба…

March 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прогноза на ММФ за 2025 и 2026: Македонија со раст од 3,2%

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека и годинава и наредната 2026-та година, Македонија ќе ги заврши со раст на БДП…

April 23, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?