Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна штипската „Пастрамалијада“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Почна штипската „Пастрамалијада“
ЗАБАВА

Почна штипската „Пастрамалијада“

Објавено September 19, 2025 15:31
Сподели
Сподели

Со сечење на џиновската пастрамајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ почна 17. издание на манифестацијата штипска „Пастрамалијада“. По тој повод во Штип присуствуваше вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, како и пратениците во Собранието, Никола Мицевски и Душко Иванов.

Николоски истакна дека ваквите настани и манифестации се значајни за локалните економии, кои со посета од страна на граѓаните ќе значи влез на неколку милиони евра во градот и за бизнисите.

– Мислам дека градоначалникот прави одлична работа. Сакам да му честитам за ова што го прави досега и убеден сум дека следниот период ќе има уште поголеми успеси и работи. Посакувам убава дружба и убави моменти да имаат не само штипјани, туку сите кои ќе ја посетата манифестацијата, изјави Николоски.

Тој истакна дека Владата продолжува да го поддржува Штип, а бројни инфраструктурни проекти се во реализација во делот на патната мрежа, како и во делот на канализициски и водоводни мрежи и во делот на образованието.

– Работиме и големи проекти, знаете дека интензивно се работи на браната Отиња, но исто така и на целосна урбанизација околу браната. Она што е Мавровското езеро за западна Македонија треба да стане браната Отиња за источна Македонија. Штип покрај универзитетски, бизнис центар стане и туристички центар за овој дел на Македонија и во таа насока е урбанизацијата на делот околу бањата Кежовица и таму има голем туристички потенцијал. Така што навистина имаме големи планови за Штип, дел се реализираат, дел се во процес на реализација и секога тука доаѓам со задоволство и заедно со пратениците и градоначалникот работиме на реализација на проектите, вели Николоски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочи дека во наредните два дена Штип ќе биде домаќин на голем број гости од земјава, но и од странство.

– Она што сакам да го потенцирам Штип наредните денови ќе има прилив на средства кои ќе ја поддржат локалната економија, всушност тоа е суштината на одржување на „Пастрамалијадата“, како манифестација. Така да се надевам и убеден сум дека штипјани во наредните денови ќе бидат добри домаќини и дека ќе ги угостиме сите посетители не само од другите градови, туку и од другите држави, рече Јорданов.

Тој додаде дека соработката со Министерството за транспорт и врски и со Владата е голема, а воедно се заблагодари на вицепремиерот, а кој не само на отварањето на манифестацијата, деновиве ќе биде присутен и на многу други настани, кои ќе се организираат во Штип, во насока на развој на нашиот град.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако се донесат измените: Судија ќе има плата над 5.000 евра
Следна Статија Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ако планирате да патувате во Барселона, ќе плаќате двојно повисоки туристички такси

Властите на шпанската област Каталонија одлучија да ги удвојат туристичките такси во регионот, како и да издвојат 25 отсто од…

February 28, 2025
ЗАБАВА

Финска има најсреќни луѓе на светот, Македонија е на 86 место

Финска осма година по ред е прогласена за земја со најсреќно население во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен…

March 21, 2025
ЗАБАВА

Како Меланија Трамп ја одржува линијата: никогаш не јаде сирова риба, сака зеленчук и овошје

Поради нејзината завидна фигура, многумина ги интересира што јаде Меланија Трамп и како ја одржува витката линија. Првата дама на…

November 11, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Татко си ја заборави својата ќерка-невеста на патот до олтарот

Британецот Нил Кросли од Јоркшир стана интернет-хит по видеоснимката со неговата грешка на свадбата на ќерка сѝ Ејми. Имено, таткото…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?