Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик
МАКЕДОНИЈА

Почнува аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026, првпат се доделуваат и 15 за студии по македонски јазик

Објавено November 1, 2025 11:20
Сподели
Сподели

Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии.

Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025.

Овие стипендии се доделуваат врз основа на одредба од Законот за употребата на македонскиот јазик и се со цел да ги стимулираат учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик.

Во објавениот конкурс се наведени условите и потребните документи за оваа стипендија за која месечниот износ ќе биде 6.050 денари и корисниците ќе ја добиваат девет месеци во текот на студиската година.

Конкурсот е објавен на следниот линк.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk)

Студентите заинтересирани да се пријават за некоја од стипендиите на МОН и кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk

Студентите имаат право да се пријават само за еден вид стипендија од Министерството за образование и наука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АВМУ: Медиумите да го почитуваат изборниот молк
Следна Статија Краделе кабли во „Железара“ – ги фатиле кога се обиделе да си го земат алатот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Русиново на 119-годишнината од загинувањето на Даме Груев

Со полагање цвеќе и пригодна комеморација, денес во беровското село Русиново беше одбележана 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Даме…

December 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд се прогласи ненадлежен на предлог законот за независните кандидати

Во врска со барањeто на независните кандидати од десет општини Уставниот суд да реагира на новиот Предлог-закон за измени на…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската…

March 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Поплави низ Македонија: И понатаму критично во Кичево и во Гостивар

Обилните врнежи од дожд во текот на викендот предизвикаа проблеми низ целата држава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?