Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска
СПОРТ

Почнува Европско првенство во ракомет, Македонија отвора утре против Данска

Објавено January 15, 2026 08:43
Сподели
Сподели

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали.

Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година.

На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти пат откако беше воведен проширениот формат на натпреварувањето. Трите домаќини – Данска, Норвешка и Шведска – обезбедија директен пласман, како и Франција, актуелниот европски шампион, додека преостанатите селекции го освоија своето место преку квалификациите што траеја од јануари 2023 до мај 2025 година.

Натпреварите ќе се играат во неколку градови домаќини, а финалето на Европското првенство е закажано во Хернинг (Данска).

Репрезентациите се поделени во шест групи од по четири екипи, по што ќе следат главната рунда, полуфиналето и натпреварите за медали.

Покрај борбата за титулата европски шампион, ЕХФ Евро 2026 има и дополнително натпреварувачко значење, бидејќи првенството ќе служи како квалификациски турнир за Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се игра во Германија, како и за следните големи меѓународни натпреварувања.

Титулата ја брани Франција, која на претходното Европско првенство ја победи Данска во финалето со резултат 33:31 по продолженијата, во еден од највозбудливите завршници во историјата на ова натпреварување.

На ЕП 2026 учествува и македонската репрезентација. За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат. Најдобар пласман Македонците го имаа на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.

Својот прв настап избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат утревечер (20:30 часот) против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несудениот амбасадор на Трамп во Србија умре од срцев удар
Следна Статија Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трамп ќе организира УФЦ борба во Белата куќа за независноста на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за организирање борба во УФЦ на простор во Белата куќа со присуство…

July 4, 2025
СПОРТ

Брзи реакции од посетата на Мајами: Извештај за универзитетска кошарка

Клучни забелешки и импресии од патувањето во Корал Гейблс

February 12, 2026
СПОРТ

АЕК се огласи дека не излегле на терен бидејќи на навивачите не им дозволиле да дојдат во Скопје

АЕК на нивната официјална Фејсбук и интернет страница се огласи по повод мечот против Алкалоид кој вечерва не се одигра. Тие потврдија…

May 25, 2025
СПОРТ

„НЀ СОВЕТУВАА ДА НЕ СЕ ВРАЌАМЕ ВО ХОТЕЛОТ“ Ѓоковиќ беше близу до хаосот во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?