Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
ЕКОНОМИЈА

Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари

Објавено July 16, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Во близина на Штип денеска ќе биде поставен камен-темелник на Ветерниот парк, што ќе го гради компанијата „Алказар енерџи“, инвестиција вредна над 500 милиони долари што треба да отвори 630 нови работни места.

На почетокот на изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски и ко-основачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон.

Ветерниот парк, кој е најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот, ќе биде лоциран меѓу Штип, Карбинци и Радовиш на површина од околу 326 хектари.

Предвидено е да има 55 ветерници кои ќе произведуваат електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Реализацијата на проектот, како што истакнуваат од „Алказар енерџи“, ќе донесе бројни придобивки за економијата, бизнис заедницата и граѓаните, создава трајна вредност за државата и отвора голем потенцијал за понатамошен развој.

Ветерниот парк претставува и значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии
Следна Статија Се уште гори на две локации – во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме

Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните

Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните. За таа цел се подготвуваат и законски…

December 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Делумен прекин на железничкиот сообраќај, во бојкот дел од машинскиот и извршниот персонал

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?