Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад
ЗАБАВА

Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад

Објавено March 24, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Судењето на француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, по обвиненијата за сексуален напад, треба да почне денеска во Кривичниот суд во Париз, по одложувањето поради здравствената состојба на глумецот.

Случајот се однесува на обвиненијата од две жени дека Депардје во 2021 година ги допирал на интимни места против нивна волја, за време на снимањето на филмот „Зелени ролетни“ (Les Volets Verts) на режисерот Жан Бекер. Од нив, едната го обвини актерот дека насилно ја запрел во ходник, ја допирал и ѝ давал непристојни коментари. Таа поднела тужба против него во февруари 2024 година за сексуален напад, вознемирување и сексистички навреди.

А пак, другата жена – асистентка на режисерот, го обвини Депардје дека ја допирал и ја тормозел на сцената за снимање. Таа поднесе тужба во март 2024 година.

Доколку биде прогласен за виновен, на Депардје му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 75.000 евра, според Јавното обвинителство на Париз.

Во октомври Судот го одложи судењето на барање на Депардје, поради здравствената состојба. Тој мораше да приложи лекарски уверенија пред судењето. Глумецот има бајпас и боледува од дијабетес. Судот не нареди психијатриска проценка.

Францускиот легендарен глумец со над 200 филма зад себе, треба да го застапува познатиот адвокат за кривична одбрана Жереми Асус. Филмскиот ветеран последниве години се соочи со голем број обвинувања за сексуално недолично однесување. Случајот по тужбата за силување на глумицата Шарлот Арно во 2020 година – останува отворен.

Како претходно, и овојпат Депардје ги отфрла наводите. Асус тврди дека обвиненијата се „целосно измислени“, наведувајќи дека немало директни сведоци на инцидентите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо го изведе најлошиот пенал во својата кариера (ВИДЕО)
Следна Статија Видео) Демонстрантите во Чачак ја скршија вратата од локалното собрание и упаднаа во зградата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Признание од Европа за македонската анимација – „Златната пеперутка“ со Биби и Боби триумфира на MIA Market

Проектот за долгометражен анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, го освои престижното…

October 14, 2025
ЗАБАВА

На 90-годишна возраст почина актерот Ричард Чембрлен

Актерот Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст, пренесува Variety. Неговата смрт ја потврди публицистот Харлан Бол, велејќи дека актерот починал…

March 30, 2025
ЗАБАВА

Нинтендо коментира на местоположбата на Metroid Prime 4 во временската линија на Метроид

Дознајте повеќе за новото поглавје во приказната на Самус

December 31, 2025
ЗАБАВА

(ФОТО) Цените на овошјето и зеленчукот во Грција како кај нас – нема потреба да носите од дома

Цената на овошјето и зеленчукот во Неа Пори ги изненади туристите од Балканот Со почетокот на летната сезона, покрај темите…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?