Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
ХРОНИКА

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

Објавено July 11, 2025 08:52
Сподели
Сподели

Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти.

Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“.

Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, со отстапувања во дозирањето и во фазата на лекување, давал лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од втората обвинета која му ставила на располагање свој факсимил со кој одобрувал и препишувал терапија и свое корисничко име и лозинка со кои радолжувал терапија во ХИС системот на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за онкологија и радиотерапија.

Другите двајца лекари се товарат за основното кривично дело „несовесно лекување болни“, сторено како продолжено кривично дело.

Врз основа на медицинските истории за овие двајца обвинети лекари е утврдено дека одредувале терапија со лекови од новите генерации на таргет и имунотерапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека пациентите од таквиот лек воопшто нема да имаат корист поради лошиот перформанс статус и немањето време да се развие механизмот на дејство, без да биде наведена телесна тежина и висина на пациентите, со отстапувања во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба.

Во случајот „Онкологија“, обвинителство поднесе уште едно обвинение кое се уште е на оценување во Кривичниот суд, и се однесува за економското работење на Клиниката, во кое првообвинет, исто така, е поранешниот директор Васев, заедно со поранешниот економски директор на Клиниката. Двајцата директори се обвинети за злоупотреба на службена положба, измама и проневера во периодот од 2018 до 2022 година, при што со незаконски постапки за набавка на лекови му нанеле штета на државниот буџет од над 2,2 милијарди денари. На Васев и Нухи, за овој случај им беше определен 30 дневен притвор на 20 јуни годинава.

Во обвинителниот акт стои дека тие, спротивно на законите и без валидна документација, овозможувале исплати од Фондот за здравствено осигурување, со што добавувачите прибавиле корист од над 430 милиони денари. Дополнително, медицинскиот директор фиктивно раздолжувал лекови и присвоил дел од нив, со што лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.

Предметот „Онкологија“ беше оформен во јануари годинава по допрен глас врз основа на повеќе новинарски истражувања, кои укажуваа на определени неправилности, констатирани и во извештајот на Државниот завод за ревизија во врска со работењето на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје.

Истрагата ОЈО Скопје ја заврши на 22 мај годинава и до Кривичен поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“.

На прес-конференција со предметната јавна обвинителка Ана Гоговска Јакимовска, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, рече најголемиот предизвик биле медицинските вештачења, кои за да се обезбеди непристрасност на постапката, се правени во Србија и Словенија.

–Од сите прегледани медицински истории, од техничките советници на истрагата, 65 истории на онколошки пациенти беа издвоени, испратени и анализирани од експертите. Во висок процент од нив, согласно мислењата на вештите лица од струката, и од Словенија, и од Србија, терапијата не била давана онака како што предвидуваат протоколите за лекување на овие болести, рече Коцевски.

Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ кој се однесува на третманот на пациентите Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целот на 5 јуни годинава, по што со АКМИС ситемот беше распределен кај судијката Снежана Марковска, која го водеше и предметот за прегазувањето на Фросина Кулакова на прешачки премин на „Партизанска“ во Скопје.

Нино Васев во декември 2023 година доби ослободителна пресуда во предмет во кој беше обвинет за несовесно работење во службата, заедно со уште двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.

Судијката Славица Наумовски, на изрекувањето на пресудата, во Основниот кривичен Скопје Скопје, рече дека обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Силекс и Работнички со порази во Лигата на Конференции, Вардар со убедлив триумф блиску до следната рунда
Следна Статија Дубаи го отвора првиот ресторан управуван од вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Брутален напад во Орешани: Тепале маж до безсознание поради сомнеж за кражба на лубеници

Двајца мажи на возраст од 39 и 31 година се осомничени за брутален напад врз маж кој, според нив, украл…

July 26, 2025
ХРОНИКА

Пожар зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово

Пожар доцна вечерва избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Градоначалникот на општината Звонко Пекевски во изјава за ТВ21 вели…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Малолетничка пријавена за исчезната

На 20.05.2025 во 13:20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(44) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила…

May 21, 2025
ХРОНИКА

Животот уште незапочнат, најсвирепо згаснат, утеха ни на небо ни на земја: Таткото на Фросина се простува од неа

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?