Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев
ХРОНИКА

По неуспешниот обид да се киднапира Вања, лопатите ги оставиле во домот на Манев

Објавено February 21, 2025 14:07
Сподели
Сподели

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопје, беше прикажана снимка и од 24 ноевмри 2023 година.

Снимката е направена во три часот и 47 минути пред домот на обвинетиот Велибор Манев.

Овој датум е важен бидејќи тој ден во Скопје е направен неуспешниот обид да се киднапира Вања.

На снимката се гледа како „фелицијата“ на Боро Видевски се паркира пред куќата на Велибор Манев. Видевски ја носи истата јакна како неколку денови претходно, а на рацете има ракавици.

Од претходните снимки се виде дека „цитроенот“ на Жежовски во тој период веќе е во Скопје.

На камерата се гледа дека „рено кангуто“ е паркирано во дворот на куќата. Во 4 и 30 возилото заминува за Велес, а „мерцедесот“ и „фелицијата“ остануваат на улицата пред куќата.

Во 10 часот и седум минути, по неуспешниот обид да ја грабнат Вања, „рено кангуто“ се враќа пред куќата на Манев, а од него излегува Видевски во истата облека како рано утрото. Манев излегува од возачкото место и одзади вади две лопати, а става сина вреќа.

Првообвинетиот Љупчо Палевски тој ден е во Скопје.

Ден подоцна, околу 16 часот и 30 минути пред домот на Манев пристигнува Видевски со својата „фелиција“. Нешто разговараат, по што Видевски оди кон „кангуто“ и оди кон Велес.

Обвинителката тврди дека тој ден „кангуто“ заминува за Скопје за три дена подоцна повторно да се обидат, овојпат успешно, да ја киднапираат Вања Ѓорчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата со камери ќе ги лови погрешно паркираните возила, казните автоматски ќе пристигнуваат до граѓаните
Следна Статија Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Неколку пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, Ивана се повлекувала: Тошковски открива што претходело на трагедијата во Карпош

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција за вчерешната трагедија во скопски Карпош каде жена и малолетно…

March 3, 2026
ХРОНИКА

По убиството Палчо запали цигара и отвори телефон, тогаш виде колкава врева се кренало, сведочи Манев

Кога Палчо ја уби Вања не бев далеку туку на десетина метри. Го видов како го носи перничето и ја…

March 19, 2025
ХРОНИКА

Загина 19-годишен мотоциклист по тешка сообраќајна несреќа

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“…

May 30, 2026
ХРОНИКА

Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

Вчера во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?