Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот
МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот

Објавено February 17, 2026 14:42
Сподели
Сподели

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките во Македонија.

Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности.

Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде што денеска се измерени 196 сантиметри, во споредба со февруарскиот просек од 49 сантиметри.

Зголемени вредности бележи и најголемата македонска река Вардар. Кај Јегуновце утрово се измерени 220 сантиметри, што е за два и пол пати повеќе од вообичаеното ниво за овој период од годината. Покачено ниво на водата на Вардар е регистриран и кај Скопје, Велес и Демир Капија.

Според УХМР, зголемување на нивото на водата се бележи и на Црна Река кај Новаци, на Брегалница кај Берово, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Сатеска кај Ботун, како и на Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамките на февуарскиот просек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПСЖ вечерва едноставно мора да победи во Монако
Следна Статија ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Падна кран во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, објавуваат повеќе медиуми. Кранот, како што пишуваат, е срушен врз…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен

Регионалниот пат што води до селото Галичник не е прооден и по речиси еден месец од паѓањето на снегот во…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мизрахи: Профитот на СДС во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните

На панел дискусијата организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Моќта на лековите, живот или профит“, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи истакна…

January 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. -Ова тело претставува…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?