Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По повеќе од 50 години: Почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По повеќе од 50 години: Почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
МАКЕДОНИЈА

По повеќе од 50 години: Почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Објавено March 12, 2025 08:37
Сподели
Сподели

По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница.

Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети. Изградбата на овој граничен премин е во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“.

На денешното поставување на камен-темелникот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан.

Грегоријан во видео интервју за МИА вели дека изградбата на овој граничен премин е меѓу приоритетите на УНДП.

Со отворањето на овој граничен премин се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави. Повторното отворање на граничниот премин беше најавено со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година.

Синоќа за време на посетата на Општина Ресен, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михаил Рокас изјави дека камен темелникот на граничниот премин „Маркова нога“ означува нова ера и претставува потврда дека преспанскиот регион освен за земјава, е значаен и за Европа.

Граничниот премин Маркова нога – Лемос е затворен повеќе од 50 години, а преку него порано се поминувало само со лична карта.

Според легендата на локалното население, граничниот премин „Маркова нога“ е именуван според месноста „Маркова нога“ каде се наоѓа камен, чудо на природата, за кој се верува дека ја чува трагата од стапалото на Крале Марко. Каменот со трагата од Марковата нога е изложен во истоимената караула до граничниот премин.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Евентуалниот раст на минималната плата да се договори преку дијалог
Следна Статија ЕУ подготвува жесток одговор на царините на Трамп: на удар познати американски производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

САД го запираат издавањето имигрантски визи за Македонци, на листата се 75 држави

Соединетите Американски Држави донесоа радикална одлука за привремено стопирање на издавањето имигрантски визи за државјаните на 75 земји, меѓу кои…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Австрија стои до Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ

Министерката за надворешни работи на Австрија Беате Мајнл-Рајзингер денеска го прими својот колега од Македонија, министерот за надворешни работи и…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ја донесе Националната стратегија за сајбер безбедност

Mинистерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, официјално ја претстави Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, стратешки патоказ за зајакнување…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонски професор по географија избран за академик во Британија

Професорот Стефан Бужаровски од Универзитетот во Манчестер, по потекло од Македонија, е избран за член на Академијата за општествени науки…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?