Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“
ХРОНИКА

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

Објавено October 8, 2025 17:19
Сподели
Сподели

Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма.

Лекувањето, посочи сведокот, најпрво започнало кај докторката Мери Пешевска, но, потоа, како што рече, продолжило кај директорот на Клиниката за онкологија, Васев, и траело шест месеци. Неговата сопруга, рече, на почетокот ја чувствувала терапијата, но по одреден период во неколку наврати нагласувала дека не ја чувствува повеќе истата терапија.

– Експерименталната терапија започна во 2022 година и траеше можеби шест месеци, не сум сигурен … Документите кои ги имавме после година дена со ќерка ми одлучивме да не ги чуваме и да ги фрлиме … На почетокот почувствува подобрување, после кажа дека терапијата ѝ е чудна и дека не ја чувствува. Ѝ беше кажано дека нема да ѝ падне косата и навистина не ѝ падна, почувствува подобрување. Понатаму, кажа дека се чувствува како да не пие ништо, рече сведокот Гаќев во одговор на прашања од Обвинителството.

Тој посочи дека по одреден временски период ѝ се појавила рана на градите, по што Васев предложил раната да биде преврзана. Кога отишле со сопругата на преврска, како што појасни, медицинската сестра случајно со прстенот ја закачила, по што раната се отворила и интензивно се проширила.

– Ѝ се појави рана на градите, по што докторот предложи да биде преврзана и да ја прати на преврска. Кога отидовме на преврска сестрата случајно ја закачи со прстен и ѝ се отвори раната и постепено се прошируваше. Имам слики од самата рана, рече Гаќев.

Неговата сопруга, рече, по одреден временски период била пуштена на домашно лекување по што за две недели починала.

Адвокатот Боби Спирковски којшто е бранител на првообвинетиот Васев, по денешното рочиште, ги квалификуваше вештачењата направени од страна на словенските и српските лекари како неточни и непрецизни, бидејќи, како што рече, тие не добиле доволно документација, односно добиле само истории на болестите на пациентите.

– Вештачењето на сведокот е сосема спротивно од вештачењето на лекарите од Словенија. Ние не се сомневаме во стручноста на лекарите од Белград или од Марибор, туку ние само сметаме дека нивните вештачења се неточни и непрецизни, бидејќи тие не добиле доволно документација. Добиле само истории на болестите, што не е доволно и прават кардинални грешки – сметаат дека не можат да одлучуваат без да знаат каква е висината и тежината на пациентот. Секој лекар онколог, дури и секој пациент на Онкологија го знае дека прва работа што лекарот пред да даде било каква терапија ја мери висината и тежината на пациентот, за преку една формула да определи каква да биде терапијата. Тоа е „абецеда“ во онкологијата, рече Спирковски.

Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека по предлогот е потребно да одлучи јавниот обвинител на РСМ, судот ја одложи расправата.

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и треба да продлжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот период
Следна Статија Три години затвор за тројцата обвинети: Судот изрече максимална казна за дивите депонии во Вардариште

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со закани одзеле пари од малолетници, приведени три лица во Скопје

На 16.04.2025 околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од…

April 17, 2025
ХРОНИКА

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле…

March 17, 2025
ХРОНИКА

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток

Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј ќе биде погребан во четврток на 28 ноевмри на Плаошкиот манастир во Охрид, одлучи Светиот архијерејски синод…

November 26, 2024
ХРОНИКА

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје

Првичните информации во врска со несреќата на автопатот Тетово-Скопје, на излезот од Тетово, помеѓу автомобил „Опел“ со тетовски регистарски таблички…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?