Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“
МАКЕДОНИЈА

По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Објавено June 19, 2025 13:30
Сподели
Сподели

За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен „Македонско село“. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на отворањето на етно-комплексот „Македонско село“ во Нерези, во близина на Скопје.

Мицкоско ги повика сите оние кои што не го посетиле „Македонско село“, да дојдат во посета, да уживаат овде, во тоа што го нуди овој објект.

И се разбира, во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите, изјави премиерот.

Ова е многу важно. Туризмот, како што знаете, веќе го коментиравме на почетокот на годината, бележи вонредни резултати. Кај странските гости имаме посебно голем раст, повеќе од 20% споредено со истиот период од минатата година.

Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува. Работиме многу на тоа, така што и Министерството за култура и туризам тука е исклучително многу посветено, и се надевам дека ова место за туристите кои што ќе го посетуваат Скопје ќе биде убаво место за уживање, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФЕД ги задржа каматните стапки, се најавуваат две намалувања до крајот на годината
Следна Статија Мицкоски за најавите за штрајк во М-НАВ: Се закануваат оние кои правеа упад и кои тепаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

Никогаш и никаде јас не сум ја претставила државата на начин каков што не прилега. Секогаш сум ги бранела националните…

May 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Состојбата во Трубарево е под целосна контрола

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Какво време нѐ очекува за викенд?

Времето за престојниот викенд низ речиси целата држава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Температурите утре…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?