Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
ЗАБАВА

Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци

Објавено March 22, 2026 18:15
Сподели
Сподели

Празникот на пролетта 22 март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд.

Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Следна Статија Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Играч од Калифорнија освои 1,22 милијарди долари на лотарија

Жител на Калифорнија ја освоил главната добивка на американската лотарија „Мега милионс“, вредна 1,22 милијарди долари (милијарда и 220 милиони).…

December 28, 2024
ЗАБАВА

Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка почина на 89-годишна возраст, објавува Jutarnji.hr. Оваа тажна вест доаѓа само два месеци откако нејзиниот син Матија…

August 11, 2025
ЗАБАВА

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ БАФТА 2025: „Конклава“ најдобар филм, наградени и Адриан Броди и Зои Салдана

Во Лондон синоќа беа доделени 78. награди БАФТА на најдобрите филмови, актери, режисери и други филмаџии. Наградата за најдобар филм…

February 17, 2025
ЗАБАВА

Мел Гибсон направи селфи на Света Гора: Никогаш не сум бил поблиску до Бога (ФОТО)

Познатиот холивудски актер Мел Гибсон ги воодушеви сите православни христијани со својата одлука да го помине овој Видовден во најголемото…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?