Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола
ХРОНИКА

Пратеникот на Левица — Сашко Јанчев остана без пасош и без возачка дозвола

Објавено September 15, 2025 10:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник од Гевгелија осомничен за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, при сообраќајка во Марино, соопшти во неделата Јавното обвинителство (ЈО)

Како што информираат од ЈО, осомничениот, околу еден часот по полноќ во неделата, во селото Марино, управувал автомобил „хјундаи тусон“ спротивно на член 25 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, така што со возилото првин преминал на левата страна од коловозот, а веднаш потоа свртел надесно, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот.

Како резултат на тоа, при наглото свртување, во десниот страничен дел од возилото со кое управувал удрил мопед „jијинг“ без истакнати регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник. Од ударот, возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, кои во моментот на несреќата не носеле заштитни кациги, завршиле со тешки телесни повреди. Со полесни телесни повреди се здобил сопатникот во автомобилот „хјундаи тусон”.

„Со извршените анализи, кај двајцата возачи по несреќата не е утврдено присуство на алкохол или на други супстанции во крвта. По наредба на јавен обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, а автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед“, велат од Обвинителството.

Имајќи ги предвид сите околности, со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител предложил да се определат мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и привремено одземање на возачката дозвола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дарио Ивановски на 58. место на маратон на СП во Токио, Симба во фото финиш до златниот медал
Следна Статија ПРЕКИН НА УСЛУГИТЕ НА „СТАРЛИНК“ Илјадници Американци останаа без интернет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Два месеца е исчезнат Миле Тодоров, неговите блиски со апел

Да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров, млад жител на Неготино, кој исчезна пред точно два месеца, бараат…

March 30, 2025
ХРОНИКА

Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната…

February 10, 2025
ХРОНИКА

Девојка од Кочани киднапирала штипјанка

Полициските службеници од ОВР Кочани вчера уапсиле 28-годишна жена од Кочани, со иницијали Ј.Н., поради сомневање за киднапирање и напад…

September 14, 2025
ХРОНИКА

Мотор смачкан меѓу две возила во Влае, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случи на улицата „Ацо Шопов“ во скопско Влае, во близина…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?