Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пратениците се вратија од одмор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пратениците се вратија од одмор
МАКЕДОНИЈА

Пратениците се вратија од одмор

Објавено August 25, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Годишниот одмор за пратениците официјално заврши. Работата на законодавниот дом започнува денеска со средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. Освен брифингот со новинарите, на собраниската веб страна нема најави за други активности сѐ до крајот на неделата.

Одморот на пратениците беше прекинат на 16 август кога беше свикана итна седница за Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка кој не помина поради немање на Бадентерово мнозинство. Претходно, на 13 август седница одржа и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која формира Комисија за селекција на кандидатите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Вообичаено одморот на пратениците започнува по Националниот празник Илинден.

Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да одржува пленарни седници и седници на комисиите до пред почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.

На последниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието потсети дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани за седници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
Следна Статија (Видео) Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“, а потоа замолчи и ја смени темата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебниците се решен проблем, следната година нема да „прогледуваме низ прсти“

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Новата учебна година ќе ја започнат 245 илјади ученици со учебници за сите и подобрени инфраструктурни услови

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

За повикот од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да пријави доколку има докази за злоупотреби во јавните претпријатија на Град…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?