Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првата транша од унгарскиот заем ќе се исплати до компаниите до крајот на овој месец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Првата транша од унгарскиот заем ќе се исплати до компаниите до крајот на овој месец
ЕКОНОМИЈА

Првата транша од унгарскиот заем ќе се исплати до компаниите до крајот на овој месец

Објавено February 19, 2025 17:45
Сподели
Сподели

До крајот на овој месец се очекува да биде исплатена првата транша од унгарскиот заем за поддршка на компаниите. Во дел од банките проекти веќе има одобрено и поднесено е барање за исплата до Развојната банка. Ова беше споделено на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претставниците на Стопанската комора на Македонија.

Како што соопштија од Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска почнува со серија разговори со бизнис заедницата, чија цел ќе биде да се споделат информации за пласманот на средствата од унгарскиот заем.

-Почнуваме серија разговори со бизнис заедницата и почнуваме денеска од Стопанската комора на Македонија. Целта е преку овие состаноци да споделиме информации за пласманот на средствата од унгарскиот заем наменет за компаниите и да решиме евентуално дилеми кои се јавуваат во тој процес, рече министерката на средбата.

Таа додаде дека целта е средствата да бидат пласирани во цел износ, да се помогне стопанството во моментов, имајќи ги предвид случувањата на глобално ниво и да се поттикнат инвестиции, пред се одржливи кои носат развој.

За претседателот на Комората, Бранко Азески, најважно е овие средства, обезбедени од Владата, да стигнат што е можно побрзо до компаниите и да почнат да се реализираат инвестициите.

Тој ја поздрави иницијативата за вакви состаноци на кои може да се разменат мислења за актуелни теми, но да се отворат и прашања кои ги засегаат компаниите.

Од Министерството потенцираат дека на средбата се отвори прашањето за повратот на средствата уплатени од компаниите по основ на Законот на солидарен данок.

Министерката за финансии истакна дека тоа претставува голем товар врз буџетот, но посочи дека средствата ќе бидат вратени кон компаниите во рок пократок од пет години и дека претстојат средби со компаниите на чиј предлог ќе се утврди динамиката на враќање. Со разговорите ќе се продолжи, во наредниот период ќе бидат подготвени предлози врз основа на кои ќе се разговара и ќе се решава ова прашање. Од Стопанската комора изразија разбирање за состојбата на државната каса и се подготвени на разговори и утврдување на динамиката и начинот на враќање на средствата.

-Присутните заклучија дека дијалогот е можност за решавање на сите отворени прашања и дека таквиот дијалот меѓу Владата и бизнис заедницата ќе продолжи и во иднина со цел создавање подобри економски услови и економска предвидливост за работење. Дијалогот со бизнис заедницата ќе продолжи во наредните денови и со средби со другите стопански комори и здруженија, се вели во соопштението на Министерството за финансии

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“
Следна Статија Трамп го нарече Зеленски „диктатор“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за…

January 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

Руската нафтена групација „Лукоил“ соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Со е-фактура повеќе транспарентност, правичност и стабилност за македонската економија

Поефикасна наплата на даноците и посилна борба против сивата економија треба да овозможи системот е-фактура, што почна да се имплементира…

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија

Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?