Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството
ЕКОНОМИЈА

Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството

Објавено June 12, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Во просториите на Народната банка се одржа првата официјална средба меѓу гувернерот, д-р Трајко Славески и претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во земјава, Бјорн Габриел. Средбата беше по повод новиот мандат на гувернерот Славески и како можност за освежување на дијалогот и разгледување на досегашната и понатамошната соработка помеѓу двете институции.

Во пријателска и конструктивна атмосфера, соговорниците разговараа за активностите на ЕИБ во земјава, како и за досегашната поддршка што Европската инвестициска банка ја обезбедува преку инструментите за финансирање и техничката помош наменета за развој на економската инфраструктура и приватниот сектор. Посебно внимание беше посветено на ангажманот на ЕИБ за поддршка на малите и средните претпријатија, преку кофинансирање и кредитни линии во соработка со Развојната банка на Северна Македонија и деловните банки. Од 2009 година наваму, ЕИБ со 650 милиони евра поддржа над 2.500 компании и помогна во задржувањето на 140.000 работни места во земјата.

Гувернерот Славески изрази благодарност за долгогодишната соработка со ЕИБ и ја нагласи важноста на посветеноста на ЕИБ на реалната економија, како и поддршката на приоритетните проекти коишто носат долгорочен развој. Притоа, тој истакна дека Народната банка и во иднина ќе ги поддржува иницијативите насочени кон стабилноста на финансискиот систем и неговата подготвеност за справување со ризиците.

ЕИБ ја потврди подготвеноста за натамошна соработка со македонските институции, особено преку обезбедување стручна поддршка и советодавни услуги за подобрување на пристапот до финансии во рамките на Програмата за зелени финансиски системи и Водичот за декарбонизација, поттикнување инвестиции и унапредување на институционалните капацитети којшто ќе биде објавен наскоро.

Средбата беше оценета како значаен чекор кон продлабочување на партнерството помеѓу Народната банка и Европската инвестициска банка заради заедничка поддршка на развојните процеси во економијата на земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција
Следна Статија Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Газдите се жалат дека работниците не се продуктивни, Синдикатот вели: Покачете им ги платите

Македонија е една од државите во регионот со најниска и просечна и минимална плата, а Владата и работодавачите немаат слух…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба

амалување на акцизите за 4 денари за дизелот и за безоловните бензини од 95 и 98 октани за 2 денара…

April 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?