Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Првиот квартал повеќето судови биле неажурни, констатирал Судскиот совет

Објавено June 4, 2025 13:56
Сподели
Сподели

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно и биле решени 137.725 предмети, ова беше кажано во образложението на 524-та седница на Судскиот совет. По точката за разгледување и оценување на тримесечните извештаи за работа на судовите за 2025 година, односно за периодот јануари-март беше констатирано дека повеќето судовите биле неажурни.

Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 предмети, што значи дека вкупно за работа имале 282.470.

Помалиот број решени предмети во споредба со примените во овој период се должи на намалениот обем на работа заради многуте празници во јануари и префрлањето на предмети од претходната година. Како причина за неажурноста, беше наведено во дискусиите, се должи и на малиот број на судии. Оценката беше дека се постигнати задоволителни резултати, со оглед на околностите. Како проблем за ефикасноста на судовите беше напомената и состојбата со службите како записничари и стручни соработници, кои треба да се вработат, но за нив нема согласност од Министерството за финансии за нивно вработување.

Ова е уште една причина да бидеме погласни. Имаме испратено бројни ургенции и апели за да ја постигнеме финансиската независност на судството, но засега тоа не вроди со плод – рече претседателот на судскиот совет, Александар Камбовски.

Извештајот беше усвоен и наскоро ќе биде објавен наскоро и ќе биде достапен за јавноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Проблемот околу инфлацијата е комплексен, работиме во континуитет и треба време да се среди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е масовно убиство – тука нема милост, етничка припадност или политичка партија, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат!

Христијан Мицкоски трагедијата во Кочани ја нарече „масовно убиство“ на некој кој дозволил да се случи. „Дојдовме до заклучок дека…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе поднесе ли Коцевски оставка?!

Политиката ја оставам на политичарите, имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд големите случаи како „Онкологија“, Пулс“ и…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Добар потег е што е побарано и добиено мислење од Венецијанска комисија за целиот пакет закони за реформите во судството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е добар потег што било побарано и добиено мислење од Венецијанската комисија за целиот пакет…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?