Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте
ЗДРАВЈЕ

Први симптоми на дијабетес, не ги игнорирајте

Објавено July 21, 2025 18:41
Сподели
Сподели

Дијабетесот може да предизвика низа компликации ако не се открие навреме. Многу е важно да го препознаете што е можно побрзо, а ова се првите симптоми:

Постојано чувство на замор: За разлика од здравите луѓе, кај кои шеќерот продира во клетките и се претвора во енергија, кај дијабетичарите тој се задржува во крвта. Последица е недостаток на енергија и покрај консумирањето храна. Еден од типичните симптоми на недијагностициран дијабетес е токму екстремниот замор, кој се јавува дури и кога сте одморени и наспани.

Изразено чувство на жед и често мокрење: Ако имате зголемено чувство на жед за кое немате објаснување, а кое резултира со често одење во тоалет, тоа може да биде знак дека имате дијабетес. Обрнете посебно внимание ако сте многу жедни и често ви се оди во тоалет, бидејќи тоа е еден од првите и најочигледните знаци дека можеби имате дијабетес. Овој симптом може да биде придружен и со чувство на сува уста.

Нагло слабеење: Ако не држите диета и не водите сметка за исхраната, а не сте физички поактивни од порано, но забележувате дека нагло слабеете, тоа може да биде еден од симптомите на дијабетес. Премногу високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика ненадејно слабеење, дури 5 до 10 кг за два до три месеци, што секако не е вообичаено, освен ако не постои посебна причина за тоа.

Зголемена глад: Претераната потреба за храна е уште еден знак за дијабетес, а предизвикана е од промените на нивоата на шеќерот. Кога паѓа нивото на шеќерот, се појавува чувство на глад и потреба за гликоза како извор на енергија.

Заматен вид: Симптомите понекогаш може да вклучуваат и проблеми со видот, бидејќи високото ниво на шеќер во крвта извлекува течност од ткивата, вклучително и од очите. Ако не се лекува, дијабетесот може да предизвика трајно оштетување на видот, а ако забележите дека видот е заматен, посетете лекар.

Чувствителни непца: Дијабетесот ја намалува можноста за борбата против бактериите, што го зголемува ризикот од инфекција на непцата. Исто така, може да се појави гингивит придружен со гној, особено ако веќе сте имале инфекции на непцата пред да се појавил дијабетесот.

Пецкање во нозете и рацете: Дијабетесот е една од најчестите причини за периферна невропатија. Пецкањето се јавува најпрво во двете стапала, а потоа непријатното чувство се шири низ целите нозе, а истото чувство е и во рацете. Дури две третини од луѓето кои страдаат од дијабетес имаат оштетување на нервите, а во многу случаи ова е првиот симптом на болеста.

Бавно заздравување на раните: Чешање, сува кожа или слаба циркулација исто така може да бидат знаци на дијабетес. Потемната кожа во пределот на вратот или пазувите може да биде знак на отпорност на организмот на инсулинот и високо ниво на шеќер во крвта. Ако забележите такви промени, задолжително одете на лекар. Ако имате чести инфекции и повреди кои тешко зараснуваат и не се лекуваат лесно како порано, веднаш посетете лекар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИСКРИМИНАЦИЈА: Работничка добила отказ еден ден откако ги известила газдите дека е бремена
Следна Статија Во Србија доаѓаат 100.000 африкански работници: Владата негира, во Гана друга приказна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на…

October 15, 2024
ЗДРАВЈЕ

Отворено прво психолошко советувалиште за деца и адолесценти во земјава

Во Институтот за јавно здравје денеска официјално беше отворено првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти во државата, кое ќе…

June 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење

Некои намирници можат да го забрзаат метаболизам и да помогнат во согорувањето на мастите. Нашето тело не може да функционира…

June 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека и нема потреба од рефундација

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?