Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
ЗДРАВЈЕ

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација

Објавено December 14, 2025 09:55
Сподели
Сподели

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) прв пат во Македонија е изведена комплексна хируршка интервенција кај четиригодишно дете со редок конгенитален Спренгелов деформитет (Sprengel deformity), во соработка со проф. д-р Уфук Ајдинли од Република Турција.

Како што информира Министерството за здравство, интервенцијата претставува значаен чекор во јакнење на капацитетите на македонскиот здравствен систем за третман на ретки и сложени ортопедски состојби во детската возраст, преку тимска работа, пренос на знаење и примена на современи оперативни техники.

-Оваа интервенција е резултат на врвна мултидисциплинарна координација – ортопедски тим, анестезија, интензивна нега и ургентна поддршка – со јасен фокус на сигурноста и квалитетот на самата постапка. Благодарение на соработката со проф. д-р Уфук Ајдинли, направивме значаен исчекор во третманот на ретки конгенитални деформации кај деца. Нашата цел е овој тип процедури да станат стандарден дел од клиничката пракса во земјата, со континуирана едукација и развој на домашните тимови, вели директорот на ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски.

Според министерот за здравство, Азир Алиу градењето доверба во здравствениот систем се прави со ваков вид на резултати, со знаење, со тимска работа и со создавање услови најсложените интервенции да се изведуваат во државата.

-Ова е пример како меѓународната соработка, размената на експертиза и знаење директно се претвораат во подобра грижа за пациентите. Министерството ќе продолжи да ја поддржува модернизацијата на клиниките, развојот на човечките ресурси и воведувањето современи медицински методи, со цел граѓаните да добијат модерен, функционален и одржлив здравствен систем, истакнува Алиу.

Спренгеловиот деформитет е ретка конгенитална состојба при која лопатката е поставена ненормално високо и е недоволно развиена поради неуспешна надолна миграција за време на ембрионалниот развој. Ова најчесто предизвикува видлива „испакнатина“ и ограничување на движењето на рамото. Состојбата неретко е поврзана и со други придружни наоди, како синдромот Клипел-Фил, сколиоза, а понекогаш и дополнителна коскена/влакнеста врска со ’рбетот (омовертебрална лента), поради што за прецизна дијагностика и планирање се користат снимања како КТ и/или МРИ. Оперативниот третман најчесто се резервира за потешки случаи во возраст од 3 до 8 години, со цел подобрување на функцијата и изгледот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ердоган по средбата со Путин: „Мирот не е далеку“
Следна Статија Промовиран реобјавениот „Абецедар – сто години потоа“ со стручни текстови од професорките Јурукова, Ачкоска и Јачева – Улчар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џонсон и Џонсон постигнува договор за намалување на цените на лекови во САД

Компанијата потпишува договор со американската администрација за олеснување на достапноста на лекови за граѓаните

January 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Се разгледуваат три опции за нов клинички центар во Скопје, вели министерот Алиу

Владата и Министерството за здравство разгледуваат три можни опции за новиот клинички центар, кој е окарактеризиран како еден од клучните…

November 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Кимовска Христова: Фрапантни се бројките на предвремено починати лица, хронично болни и пациенти во Македонија поради загадениот воздух

Во Утринската на Канал 5 Телевизија, „Здраво Македонијо“, гостуваше педијатар, субспецијалист неонатолог д-р Мими Кимовска Христова. Д-р Мими даде многу…

September 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?